Гледајте ја полната месечина ама од врвот на Галичица

Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ Охрид, на дваесетти овој месец организира тура на Галичица за вистинско доживување на феноменот полна месечина.

 |   | 

Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ Охрид, на дваесетти овој месец организира тура на Галичица за вистинско доживување на феноменот полна месечина.

Вистинско доживување на полна месечина на Галичица. Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ од Охрид, на сите туристи, вљубеници во природата, но и на астрономите аматери, на дваесетии овој месец им нуди убава можност, да уживаат во полната месечина но не од било каде. Далеку од светлината на градот, на еден од врвовите на планината Галичица. Јасна Христовска од Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ Охрид објаснува дека идејата дошла сама по себе, но дека од друштвото не оставиле ништо на случајност. Веќе направена е пробна тура.

„Дојдовме до една интересна идеја која досега никој не ја направил, да им овозможиме ан останатите луѓе да уживаат на полна месечина со добар поглед од планината Галичица. Пробната тура се покажа многу добро. Имаше доста што да се види од врвот Лако Сигној, таму ќе се пешачи. На полна месечина, е доста пријатно да се пешачи на Галичица бидејќи не е потребна никаква батерија или ламба. Погледите се прекрасни имате поглед и до преспанската страна и од охридската страна на езерото“ вели Јасна Христовска – Free pass – Ohrid.

Христоска вели дека пријавувањето преку нивната фејсбук страна досега оди доста добро, има доста заинтересирани, па дури има најави од неколку други спортски клубови да се приклучат и да бидат дел од оваа несекојдневна тура.

„Со транспорт ќе се оди до превојот Баба, тоа е едно 45 минути возење, па оттука со отворен пат за џипови се патува, еден до час и половина, до врвот. На врвот задржување околу еден час и после слегување надолу. Ја с би рекла дека некаде околу пет часа би траела целата организација“ објаснува Јасна Христовска – Free pass – Ohrid.

За сите оние кои сакаат да уживаат во полната месечина на д Галичица, потребна ќе ви биде и зимска опрема, бидејќи ноќите на Галичица знаат да бидат студени, јадење и вода и во секој случај фотографска опрема за да го овековечите овој момент. Поаѓањето е во 20:30 на Градското пристаниште на дваесетти август.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top