Белата чума му се заканува на Балканот

Балканот старее, а  импликациите ќе се далеку сежни. Миграцијата на населението од Македонија и Балканските земји негативно ќе се одрази  врз демографслката  слика. Регионот ќе се соочи со  низок наталитет, стареење на популацијата и проблеми со работна сила. Покрај надворешната миграција во регионот се случуваат и внатрешни раселувања.

 |  Валентина Неловска  | 

Домашни и меѓународни експерти прават проценки на демографските состојби  во Балканаските земји на почетокот од 21 век. Демографската слика на Балканот има низок фертилитет со стапка под 2,1 посто. Овој процент е границата за проста репродукција и обнова на населението. Сите балкански земји вклучувајќи ја и Македонија  се под тој просек, вели експертот за попис Катерина Костадинова Даскалоска.  Ниската стапка на наталитетот негативно се рефлектира врз демографската слика од на Балканските  земји.

„Опасноста е ниската фертилност  и масовното иселување  кои имаат засилено стареење на населението и проблеми со работната сила“, напоменува Костадинова Даскалоска.

Бајрон Коѕаманис од Институт за демографска и социјална анализа при Солунскиот универзитет, укажува на миграциските процеси со кои се соочуваат Балканските земји. Коѕаманис посочува  на два вида процеси кои  се случуваат на Балканот, на надворешна и внатрешна миграција.  

„Внатрешната миграција е различна во Косово и Албанија, таму од руралнитесрединисе преселуваат во поголемите градови, Драч и Тирана. Во Грциај , Романија и Бугарија има преселување од грaдовите во селските средини. Ситуацијатa не е секаде иста но заедничкатa карактеристика е мигарцијата“, вели  Коѕаманис.

На меѓународната конференција за демографијата на Балканот , со тема „Населението на Балканот на почетокот од 21 век“ учествуваат експерти од 10 земји. Експерите  ќе дискутираат на теми  како што се  фертилитетот и импликациите врз стареењето на населението и проценка на другите импликации во другите области на животот, морталитетот, семејната  структура  и домаќинствата и миграцијата. Во рамките на конференцијата ќе се одржи и работилници  за пописите на  сите  статистички заводи од Балканските земји кои ќе ги презентираат искуството од своите земји. На оваа работилница нема да учествува  македонскиот завод за статистика кој не го спроведе пописот. Организатори на конференцијата се грчката асоцијација  Демобалк  во соработка со македонскиот Економски институт од Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top