Алармот е вклучен, исчезнуваат животински врсти, се губат цели еко системи

Mакедонија и Балканот се соочуваат со бројни еколошки предизвици, поврзани со загрозување на природата и живиот свет, заклучија еколозите од цела југоисточна Европа на Петтиот конгрес на еколози, кој деновиве се одржува во Охрид.

 |   | 

 

Еколошките предизвици од година во година се алармот за експертската јавност. Загадувањето, прекумерната урбанизација и генерално нашата негрижа, се причина за исчезнување на животински видови, па и на цели еко-системи.

Еден еклатантен пример за нашата негрижа е судбината на Балканскиот рис. Популацијата на ова исклучително итро животно е доведена на работ на изумирање поради криволов. За жал рисот од Галичица комплетно е исчезнат. Изминативе десетина години не е забележано присуството на рисот, велат еколозите. НП Галичица пред неколку години постави камери за мониторинг и спречување на кривиловците, кои најчесто беа од соседна Албанија.

„Минатата година рисот беше ставен како ктритично загрозен подвид на црвената листа на меѓународната унија за заштита на загрозени видови на животни, така да ако не смогнеме сили да го подобреме статусот на рисот во РМ, ќе се соочи со исчезнување“ вели екологот Александар Стојанов.

Македонија и Балканот се соочуваат со бројни еколошки предизвици, поврзани со загрозување на природата и живиот свет, заклучија еколозите од цела југоисточна Европа на Петтиот конгрес на еколози, кој деновиве се одржува во Охрид.

„Актуелните теми сеуште постојат, загадувањето на воздухот, на водата на почвата, нерационалното искористување на природните ресурси се сеуште теми кои побудуваат интерес“ потенцира д-р Славчо Христовски – Претседател „Македонско еколошко друштво“. Експертите од сферата на екологијата потенцираат дека императив е изработка на посебни акциони планови за заштита на загрозените видови но и за управување со заштитетните подрачја.

„Овој регион се соочува со голем број предизвици заради бројните планирани инфраструктурни проекти, но за тоа треба да се најдат соодветни решенија и да се слушнат сите страни“ објаснува Робертина Брајановска – „Раководител на програма Македонско еколошко друштво“.

Инаку на петтиот конгрес на еколозите учествуваат над 280 еколози и научни работници од Македонија,Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција и Романија. Експертите ќе поднесат низа научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина, а ќе елаборираат по своите најнови научни истражувања од областа на екологијата во Балканот и Југо-Источна Европа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top