Земјава со високи температури и портокалова фаза

Температуарата некаде ќе достигне и над 40 степени

 |  инфодеск  | 

Македонија од утре до сабота ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од УХМР најавуваат дека температурата некаде ќе достигне и над 40 степени.

Поради ова, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време  со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено во овој временски период.
На граѓаните им се порачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Со цел да се сречи труење со храна, која е честа појава во летниот период, Агенцијата за храна и ветеринарство порачува граѓаните при купување да водат сметка за изгледот и рокот на употреба на производот, да купуваат храна од проверени места, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде што се чуваат во разладни уреди. Препорака е да се избегнува и храна со оштетена амбалажа, ладните или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а месото, млекото и јајцата да не се чуваат долго време во автомобилите.

Од Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата апелираат учесниците во сообраќајот да избегнуваат патување во периодот од 12 до 16 часот.   
Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи, топлото време ќе се задржи до недела попладне кога поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен северен ветер. Тогаш ќе има и значително опаѓање на температурата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top