Велика Сабота-свештен трепет пред Христовото воскресение

Христијаните денеска ја одбележуваат Велика Сабота, вториот ден на христијанската жалост, по Велики Петок – денот на распнувањето на крст и смртта на Исус Христос.

 |   | 
ikona
икона

Христијаните денеска ја одбележуваат Велика Сабота, вториот ден на христијанската жалост, по Велики Петок – денот на распнувањето на крст и смртта на Исус Христос.

vapsani jajcaОвој ден е свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и воскликот  „Христос воскресе“.

Вечерва верниците одат  во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата.

Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ.

На Велигден, верниците си подаваат едни на други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top