Трета доза вакцина досега примиле 571 граѓанин

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓанин, соопшти Министерство за здравство.

 |   | 

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓанин, соопшти Министерство за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, велат од Министерството.

Вакцинирањето со трета доза започна на 27 септември и првично може да се вакцинираат луѓето над 60 години и здравствените работници и луѓето со послаб имунитет без разлика на возраста. На 4 октомври министерот за здравство Венко Филипче рече дека трета доза на вакцина против ковид-19 може да прими кој сака без разлика на возраста.

Заклучно со 6 октомври во земјата вкупната бројка на ковид-дијагностицирани изнесува 193.458, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top