Средба Бериша-Тачи

Албанскиот премиер Сали Бериша вчера попладне имаше средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која се разговарало за политичката клима во Македонија и во Албанија.

Taci i Berisha
Тачи и Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша вчера попладне имаше средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која се разговарало за политичката клима во Македонија и во Албанија.

Taci i BerishaКако што соопшти кабинетот на Бериша, Тачи ја искористил оваа прилика да му ја честита победата на албанскиот премиер на последните парламентарни избори и притоа изнел оценка дека станува збор за „значајна победа за Албанија“.

Според истиот извор, Бериша го информирал својот соговорник дека албанската влада и во наредните четири години главната активност ќе ја насочи кон интеграцијата во Европската унија.

Меѓу приоритетите на новата албанска влада ќе биде изградбата на инфраструктурните проекти, при што големо внимание ќе се посвети на изградба на патот „Арбери“ кон границата со Македонија.

На средбата станало збор и за политичката клима во Македонија, позицијата на Албанците во Македонија, за состојбата во регионот, но не се соопштени детали околу разговорите на оваа тема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top