Словенија: балканската рута веќе не постои

Од полноќ Словенија веќе не пропушта бегалци

 |  инфодеск  | 

Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА.

Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција во понеделникот.

Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман.

Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот во Брисел порача дека балканската мигрантска рута веќе не постои и дека Словенија во иднина во земјата ќе ги пушта само оние кои имаат соодветни документи за влез во шенгенското подрачје.

„Самитот испрати јасна порака на сите оние кои криумчарат бегалци и илегални мигранти, а тоа е дека балканската рута веќе не постои“, изјави Церар.

Словенија со тоа предизвика реакција на сврзани садови. Хрватска, Србија и Македонија веднаш најавија дека на нивните граници ќе се постапува на ист начин. Секоја од земјите стравува дека ако тоа не го стори може да стане тампон зона за бегалците кои не можат да го продолжат својот пат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top