Почина поранешниот член на „Нокаут“ Ацо Конга

Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”, почина по долга битка со тешката болест.

Ацо Богданоски
Aco Bogdanoski

Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”, почина по долга битка со тешката болест. Пред 3 месеци јавноста дозна за здравствените проблеми на Ацо Конга, кога беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги.

Ацо БогданоскиНа својот официјален Фејсбук профил, македонскиот пејач Јоцо Панов, инаку близок пријател на Ацо Конга, ја објави веста, додавајќи дека за жал, метастазите му се прошириле и на други делови од телото и затоа итно му е потребна терапија која чини 15.000 евра.

По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги и блиски пријатели започнаа преку социјалните мрежи да апелираат за помош од сите оние кои што можат финансиски да му помогнат на познатиот музичар. Колегите на Конга се организираа и помогнаа да се отвори сметка за донации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top