Освен гласачко ливче, на изборите ќе оставаме и отпечаток од прст?

Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“.

otisoci
отисоци

Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“.

izboriОсвен тоа, како што објави весникот, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници. Ова, како што дознава „Дневник“ од извори во Министерството за правда, се некои од новините на Изборниот законик подготвени од работната група при Министерството, по препорака на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија.

Според најавите од Министерството, за драфт-верзијата на Изборниот законик, министерот за правда Блерим Беџети денеска ќе има состанок со претставници на четирите најголеми партии, на ОБСЕ и на ДИK во Kлубот на пратениците. Оттаму велат дека работната верзија на Изборниот законик за новите правила за спроведување на изборите веќе е доставена до партиите и пратеничките групи во Собранието.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top