Нигериски вирус хакира е-маил адреси на Yahoo низ Македонија

„Нигериски“ вирус ви ја хакира е-mail адресата на Yahoo и на сите контакти што ги имате во вашиот адресар им праќа порака дека сте во неволја, барајќи да пратат пари, најчесто во Лондон.

 |  Маја Савиќ  | 
virus
вирус

yahoo„Нигериски“ вирус ви ја хакира е-mail адресата на Yahoo и на сите контакти што ги имате во вашиот адресар им праќа порака дека сте во неволја, барајќи да пратат пари, најчесто во Лондон.

Овој нигериски вирус „беснее“ низ адресите на корисниците на Yahoo во Македонија и многумина веќе ги почувствувале последиците од него.

Во Одделот за сајбер криминал во МВР изјавија за „еРепортер“ дека најмалку стотина корисници на Yahoo mаil биле погодени со оваква „кражба“ и оти повеќе немаат пристап до своите украдени интернет адреси.

Предупредувањето до сите е следно: „Немојте во никој случај да ги давате податоците за корисник (User name) и лозинка (Password) ако добиете известување од Yahoo дека Вашата сметка (account) ќе биде затворена во рок од 24 часа доколку не ги дадете бараните податоци. Тоа е ИЗМАМА и хакерите така доаѓаат до вашиот e-mail и го користат за свои криминални потреби.

Ако веќе тоа сте го сториле, тогаш веднаш менувајте ја вашата ЛОЗИНКА, бидејќи наскоро не ќе имате ниту вие пристап до вашето сандаче. Веднаш известете ги вашите пријатели, познаници и контакти од адресарот дека сте добро и оти може да очекуваат лажен повик од вашата мејл адреса со повик за ПОМОШ.

Интернет кражбата се состои во тоа што хакерите ги повикуваат вашите контакти да испратат пари, наводно поради тоа што сте биле ограбени и дека сте останале во хотел во Лондон, од каде немате можност ниту да телефонирате, ниту да го користите својот мобилен телефон, туку дека имате можност да им се обратите единствено преку меил да ви испратрат сума од 1.260 британски фунти за да можете да се вратите назад, со укажување дека парите на пријателите ќе им ги вратите веднаш штом ќе дојдете назад.

Запомнете! Станува збор за среиозен престап, кражба на која вашите пријатели можат да поверуваат. ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕ ПРАЌАЈТЕ ПАРИ АКО ДОБИЕТЕ СЛИЧНА ПОРАКА И ИЗВЕСТЕТЕ ГО ВЕДНАШ YAHOO ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНАТА АДРЕСА, БИДЕЈЌИ ТОЈ ШТО ЈА ПРАЌА НЕМА ПРИСТАП ДО НЕА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top