Метар по метар се раѓа автопатот Охрид – Кичево

Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“.

avtopat izgradba
автопат изградба

Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“.

гранитДолгогодишниот сон на граѓаните на Кичево и на Охрид за автопатско поврзување помеѓу овие два града почнува да се реализира. Моќните машини и вредните раце на градежниците на кинеската компанија „Синохидро“ и домашните компании „Гранит“, „Трансмет“ и „Илинден“ секојдневно, од утро до вечер, некогашната визија на жителите од овој регион полека ја претвораат во стварност.

За да почнат градежните работи, требаше да се изградат сместувачки капацитети за работниците што ќе работат на автопатот. Најпрво беше изградена населбата кај селото Извор, каде што се сместени работниците од далечна Кина, за во непосредна близина и Градежниот институт од Скопје да постави свои павилјони, каде што ќе врши редовни испитувања на вградените материјали во новиот автопат.
Покрај оваа населба, на излезот од Кичево интензивно се гради и населбата за работниците од ГП „Гранит“.

avtopatПотоа патот нѐ водеше по самата траса каде што секојдневно се транспортираат стотици кубици земја и камен, за да се дојде до планираната кота. И така, метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот.

Но има и терен како оној кај селото Лавчани, каде што трасата минува низ каменита почва и каде што претходно треба да се изврши минирање за да може да се работи на трасата.

Паѓа во очи сликата што поголем дел работници се повозрасни луѓе, над 40-50 години, но како што самите велат, во нивната гранка има сѐ помалку млади луѓе.

Инаку, сите што поминуваат по сегашниот пат Кичево – Охрид својот поглед го фрлаат кон височините, на теренот каде што се гради новиот автопат, како да сакаат да дознаат кога ќе дојде денот да возат по новиот автопат.
Интересно е дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид го раздвижи и пазарот на трудот во Кичево, бидејќи дел невработени се ангажирани во некоја од компаниите, но исто така зголемена е работата на повеќето угостителски објекти и хотели, во кои се сместени дел работници од страна, а исто така угостителите обезбедуваат оброци за голем дел работници на трасата.
Тоа е добар предзнак дека подзаспаното Кичево почнува да се буди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top