Меѓународен ден на белиот стап

Слепите лица денеска го одбележуваат 15 Октомври, Меѓународниот ден на Белиот стап.

logo
лого

Во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска покрај многуте активности, слепите лица ќе даруваат крв на крводарителската акција насловена „Слепите за заедницата“.

slepi licaСе одржа и дефиле на слепите лица кое ќе почне од фонтаната „Александар Македонски“ на плоштадот Македонија до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ каде во холот ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени „Актив на слепата жена и нејзините ракотворби” одржан во Струга во јуни годинава. На креативната работилница, како и на сите активности учество ќе земат и децата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” од Скопје.
Во рамки на одбележувањето на 15 Октомври од утре до 19 октомври ќе се одржи и Државното првенство во ГОЛ-БАЛ за слепи и слабовидни на Македонија за 2014 година во новата спортска сала во Крива Паланка.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) повеќе од 68 години функционира како  национална инвалидска, хуманитарна, невладина, непартиска, непрофитна организација од посебно општествено значење.

Во Националниот сојуз на слепите на Република Македонија членуваат повеќе од 2.500 слепи лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top