Медиум Објектив: Штрајк со црн екран поради селективна уредба на Владата за помош на медиумите

Со прекин на програмата регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа ќе штрајкуваат поради нееднаков третман од страна на Владата кон радиодифузерите. Штрајкот ќе трае се додека владата не донесе нова уредба за неселективна помош и поддршка на сите радиодифузери во услови на криза од Ковид 19, велат од  Здружението Медиум Објектив.

 |   | 

Регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, членки на Здружението Медиум Објектив со црн екран ќе го изразат своето  незадоволство од oдлуката на Владата  со која им се доделува финансиска помош за справување со кризата од Ковид 19 само  на 5 национални и 6 регионални терестријални телевизии.

Имено владата на 30ти мај донесе уредба за помош на национални и регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, со која  Владата  на овие телевизии  ќе им го покрие годишниот  трошок за 2020 година  кон операторот А1 во висина од над половина милион евра.

Штрајкот на регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа започнува од 3ти јуни и ќе се одвива со прекин на програмата од 19 до 20 часот секој ден со црн екран и испишан текст.
„Штрајк поради нееднаков третман од страна на Владата на Република Северна Македонија кон радиодифузерите. “ Штрајкот ќе трае се до носење нова уредба за помош и поддршка на сите радиодифузери во услови на криза од Ковид 19, велат од   Здружението Медиум Објектив.

Загриженост за состојбата на локалните и регионалните радиодифузери кои, најавија дека ќе штрајкуваат со делумен прекин на програмата изразија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Тие сметаат дека ваквата одлука на Владата ги дискриминира останатите радиодифузери кои не се опфатени со оваа мерка и се нарушува медиумскиот пазар на штета на тие медиуми. Ја повикуваат Владата да ја преиспита оваа уредба, со цел да бидат опфатени сите радиодифузери кои ги исполнуваат условите за концесија. Потсетуваме дека овие здруженија неодамна  укажаа дека доколку продолжи кризата треба да се изнајде тип на финансиска поддршка која ќе ги опфати сите медиуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top