Македонија на CNN

Од понеделник до петок CNN ќе ја емитува емисија за Македонија во месечната серија „i-List“

 |  Маја Савиќ  | 
mk-cnn
мк-cnn

Aна Корен од CNN ќе ја презентира ноќната емисија „World One“ во ударно време, во живо од Скопје во 22.30 од понеделник 10-ти до петок 15-ти.

makedonija na cnn

„Идејата на i-List е да им помогнеме на нашите гледачи да научат нешто ново за земји кои мислат дека веќе ги познаваат и да им ги прикажеме различните култури и влијанија кои ја формираат меѓународната заедница“, изјави Мајк Мекарти, потпретседател за покриеност и статиски емисии во CNN International.

Покрај гостите од светот на политиката, стопанството и културата, кои ќе ја придружуваат Ана во World One, емисијата во текот на неделата исто така ќе прикажува серија специјални репортажи напишани од Ник Робертсон, постар известувач на CNN, од неговата неодамнешна посета на земјата.

makedonija na cnn

Репортажите на Робертсон вклучуваат и посета на една од 38-те винарии во Македонија, Попова Кула, која е горда на нејзината „глоблизација“ и која користи техники од долината Напа во производството на вино.

Новата фабрика на британската автомобилска индустрија Џонсон Мети, исто така е дел од репортажите на Робертсон.

Во текот на неделата ќе се прикажува и профилот на Мајка Тереза, позната во светот по својата работа во Калкута но помалку позната како Скопјанка. „i-List“ го истражува нејзиниот ран живот во главниот град на Македонија и што ѝ значи нејзиното наследство на Македонија денес.

На крајот, CNN патува во историскиот град Охрид, за да ги запознае гледачите со неговата мешавина на планини со снежни врвови, стара архитектура и едно од најголемите езера во Европа.

CNN ги замолува гледачите да ги испраќаат нивните слики и видео записи за Македонија на iReport на http://www.ireport.com/ir-topic-stories.jspa?topicId=413016, а најдобрите ќе бидат употребени во етерот и на интернет како дел од програмата што ќе трае цела недела.

„i-List“ ја потенцира иновацијата и влијанијата во индустријата, стопанството, технологијата, културата и многу повеќе, од избрана листа на дестинации кои го комбинираат непознатото со познатото. Ги презентира луѓето и местата на една нација – оние кои имаат влијание и внатре и надвор од нивните граници.

„i-List Македонија“ е четврта во серијата, со Франција, Бахреин и Грузија прикажани во претходни епизоди оваа година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top