Македонец загина во сообраќајна несреќа на Халкидики

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа на првиот крак на Халкидики.

 |   | 

Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, јави МИА. Од засега непознати причини се превртел автомобилот со македонски регистарски таблици.

Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top