Македонците ги сакаат кредитните картички

Бројот на кредитни картички во пораст, но расте и бројот на долгови по основ на картички.

kreditni karticki
кредитни картички

картичкаВо 2013 та година, според податоците на Народната Банка во оптек биле повеќе од 1,5 милиони картички. Од нив повеќе од 1 милион се регистрирани како дебитни картички. Банкарите потврдуваат дека лани имало зголемен интерес за картички, но не само за кредитни туку и за дебитни. Каматните стапки за кредитни картички и негативните салда и натаму се сметаат за највисоки. Така на крајот од 2013 година каматата на ниво на банкарскиот сектор изнесува 10,7%.

Само за една година, или во 2013 во однос на 2012, бројот на новоиздадени картички се зголемил за речиси 50 илјади. Податоците на Народната Банка укажуваат на тоа дека лани е регистриран пораст кај дебитните и кај кредитните картички. Еве колку картички и од кој вид циркулирале во текот на 2013 година:

kreditni kartickiВкупен број на картички 1 557 082
Дебитни картички 1 188 947
Кредитни картички 313 365
Кеш-картички 54 770

Споредбените податоци укажуваат на тоа дека во 2013 во однос на 2012 година, бројката на дебитни картички се зголемила за 32 385 а на кредитните картички за 17 490. Банкарите велат дека растот во овој дел од банкарскиот бизнис е очекуван.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top