Ќе ја гледаме Бугарската национална телевизија – БНП

Република Македонија и Република Бугарија ќе имаат можност одблиску да се запознаат со културната разновидност на двете држави откако во петокот во Охрид направија уште еден чекор напред во развивањето на меѓусебната соработка потпишувајќи Договор за реемитување меѓу Македонската радиотелевизија (МРТ) и Бугарската национална телевизија (БНТ).

potpis
потпис

Република Македонија и Република Бугарија ќе имаат можност одблиску да се запознаат со културната разновидност на двете држави откако во петокот во Охрид направија уште еден чекор напред во развивањето на меѓусебната соработка потпишувајќи Договор за реемитување меѓу Македонската радиотелевизија (МРТ) и Бугарската национална телевизија (БНТ).

potpisОва во петокот го истакна Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија во соопштение што беше испратено до медиумите.

Од таму истакнуваат дека потпишувањето на ваквиот договор било поддржано од Македонско-бугарската стопанска комора, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија и Советот за електронски медиуми на Република Бугарија.

Присутните за време на потпишувањето на оваа спогодба изразија задоволство од покренувањето на една ваква иницијатива и продлабочувањето на соработката меѓу  двете јавни телевизии, а ваквиот потег го оценија како продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји, се вели во соопштението на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

„Со потпишувањето на договорот меѓу јавните радиодифузни сервиси на двете земји – Македонската радиотелевизија и Бугарската национална телевизија ќе се обезбеди медиумски простор во којшто двете култури ќе можат да се изразат себеси, под сопствени услови, со што меѓусоседскиот дијалог за соработка ќе биде двонасочна размена на гледишта, ставови, мислења за прашања од заеднички интерес“, изјави Зоран Трајчевски, в.д директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

По потпишувањето на договорот била одржана и работна средба меѓу претставниците на МРТ и БНТ на која главната дискусија паднала врз можностите за програмска соработка меѓу двете телевизии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top