ЕУ да ги притисне сопствените членки за решавање на спорот со името

ЕУ нема концепт за Балканот и тоа е главен фактор за повеќе нерешени спорови, смета австриски функционер

 |   | 
EP
ЕП

EU
ЕУ нема концепт за Балканот и тоа е главен фактор за повеќе нерешени спорови, смета австриски функционер

Сметам дека од ниту една држава не може да се бара пред своето име да го стави зборот „поранешна“ изјави државниот секретар во австриското Министерство за финансии Андреас Шидер, осврнувајќи се на спорот околу името на Македонија.

Во расправата „Западен Балкан“ оддржана синоќа во Виена тој порача дека спорот околу името на Македонија мора да се реши, и тоа мора да се реши брзо.

– ЕУ мора да изврши притисок на сопствените членки за да се изнајде решение, истакна Шидер, дополнувајќи дека Западен Балкан мора да сфати дека решението на постоечките проблеми претставува клуч за членството во ЕУ.

– Во многу области од надворешната политика кон Балканот, како од европска, така и од австриска страна придавано е преголемо значење на осамостојувањето на републиките од поранешна Југославија како решение на сите проблеми. Поцелисходно е Западен Балкан да се гледа како еден регион, оцени Шидер.

Тој истакна дека Австрија треба да биде искрен пријател со сите земји од Западен Балкан на патот кон ЕУ додавајќи дека го радува што е постигната визна либерализација за Србија, Црна Гора и Македонија и оти таа мора да биде остварена и за останатите земји.

Поранешниот шеф на австриската дипломатија Петер Јанкович оцени дека постои слабост на европската политика кон регионот Балкан што се однесува на остварувањето на европската перспектива, бидејќи не постои концепт за целиот регион.

Според неговото мислење недостигот на концепт за целиот регион е главен фактор што постојат повеќе нерешени спорови меѓу земјите од Западен Балкан, како што е граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска или околу името на државата меѓу Македонија и Грција.

Оваа вест е преземена од: Сител

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top