Денови на македонскиот мед

Македонскиот мед се смета дека е еден од поквалитетните во светот, бидејќи е богат со минерали и се произведува во незагадена животна средина.

 |   | 
med
мед

Започна шестата по ред манифестацијата „Денови на македонскиот мед“.

med

На улица Македонија во Скопје граѓаните од денес па се до Сабота ќе имаат можност да пробаат и да купат секаков вид на мед кој се произведува во нашата земја, но и на други производи од пчеларството.

– Владата и понатаму ќе го помага пчеларството. Помошта од 500 денари по пчелно семејство продолжува и понатаму. Ние сме задоволни бидејќи бројот на органски пчелни семејства во 2005 година, изнесуваше 110, а денес бројот на органски пчелни семејства изнесува 14 илјади, изјави Заменик-министерот за земјоделие Зоран Коњановски кој ја отвори манифестацијата.

За Павле Бошковски претседател на пчеларското здружение Матица, пчеларството има непроценливо значење за државата

Во Македонија има околу 10.000 регистрирани пчелари, кои произведуваат од 1.500 до 3.000 тони мед годишно плус други пчелини производи.

Македонскиот мед се смета дека е еден од поквалитетните во светот, бидејќи е богат со минерали и се произведува во незагадена животна средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top