nesrekja

Четворица припадници на единицата „Јастреби“ загинаа во хеликоптерска несреќа

nesrekjaЗасега е исклучена можноста дека станува збор за диверзија, а точните причини за падот на хеликоптерот ќе бидат утврдени по испитувањето на црните кутии.

Засега е исклучена можноста дека станува збор за диверзија, а точните причини за падот на хеликоптерот ќе бидат утврдени по испитувањето на црните кутии.

Началникот на полициската хеликоптерска единица” Јастреби” и дел од раководниот кадар на единицата се жртвите во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Струмица, потврди МВР.

Министерот Јанкулоска со солзи во очите го соопшти идентитетот на настраданите и изрази длабоко сочувство до нивните семејства.

nesrekjaПричините за хеликоптерската несреќа што се случи во четврток вечер во Струмица сé уште се утврдуваат, а леталото било редовно сервисирано. Жртвите се идентификувани и станува збор за искусни пилоти со повеќедецениско искуство.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во петок со солзи во очите ги соопшти деталите и идентитетот на загинатите во хеликоптерската несреќа која, според неа, е еден од најцрните и најтешки моменти во историјата на МВР.

„Загубивме четворица наши искусни колеги кои со своето знаење, дух и професионализам оставија длабок печат врз нас и работењето на Министерството. Дозволете да изразам најдлабоко сочувство на семејствата на Драги Мицев, роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хеликоптерската единица со работен стаж од 34 години; Марјан Трајковиќ, роден 1967 во Куманово, пилот- капетан со работен стаж од 37 години; Тоде Орешков, роден 1970 во Рожден Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатички, роден 1968 во Битола, командир – пилот со стаж од 36 години“, го соопшти Јанкулоска идентитетот на жртвите и рече дека сите четворица биле врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал на МВР.

Несреќата се случи во четврток во 22 часот. Според првичните информации, за време на ноќниот лет, хеликоптерот со кој сé уште не е познато кој управувал, удрил во антенски столб на Македонска радио дифузија висок 120 метри. Јанкулоска информираше дека станува збор за хеликоптер „МИ 17-V 5“ произведен во 2008 година кој се користел за спасувачки акции на МВР.

„Хеликоптерот летал на релација Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно. Истиот е редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опремата за ноќна визуелизација не се пожалиле на проблеми“, рече Јанкулоска.
Веднаш по несреќата била формирана Комисија за спроведување истрага со цел утврдување на причините за несреќата, а Основен јавен обвинител од Струмица го спроведува увидот на лице место.

Јанкулоска соопшти дека во тек е обезбедување траги од местото на несреќата врз основа на кои со криминалистичко вештачење и обезбедување соодветни докази ќе се разјаснат причините за трагедијата. При увидот, додаде таа, досега се пронајдени двете црни кутии и уредот за покажување на правецот на летот кои ќе бидат подложни на вештачење.

{loadposition content9}

, дека, единица, жртвите, збор, идентитетот, јанкулоска, кои, кутии, МВР, несреќа, несреќата, пилот, причините, работен, роден, соопшти, стаж, Струмица, хеликоптерската

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top