Британските туристи се палат на дестинации како Македонија и Руанда

Македонија, која можеби досега е најдобро позната околу своите врски со Александар Велики, по Мајка Тереза и околу спорот за името што државата го има со соседна Грција, ретко е присутна на главната туристичка карта како интересна и посакувана туристичка дестинација, пишува лондонски „Дејли Телеграф“.

 |   | 
Ohrid
Охрид

Македонија, која можеби досега е најдобро позната околу своите врски со Александар Велики, по Мајка Тереза и околу спорот за името што државата го има со соседна Грција, ретко е присутна на главната туристичка карта како интересна и посакувана туристичка дестинација, пишува лондонски „Дејли Телеграф“.

Според весникот, можноста за откривање на досега непознатата Македонија се отвора со првата директна авионска линија меѓу Лондон и Скопје, главниот град на државата што ја одржува компанијата за ниско буџетски летови „Виз Ер“. Немањето директна авионска врска меѓу двете држави досега беше посочувано како најголемата пречка за интензивирање на туристичката соработка, како и за заминување на Британците на патување или на одмор во Македонија.

Претставникот на фирмата „Трипадвајзер“, Ема О’Бојл за „Дејли Телеграф“ вели дека веќе постои засилен интерес за трагање по Македонија што во однос на изминатата година е зголемен за 48 отсто.

Во Велика Британија се трага по идните позначајни дестинации за туристички патувања при што е вклучен и Балканот, а посебно државите од поранешна Југославија и Албанија, дестинации што до само пред неколку години не беа споменувани ниту како опции за патуванје.

rwanda

– Ние во „Трипадвајзер“ имаме сознанија за зголемен интерес за одење во земји како што се Македонија или Руанда на пример што покажува дека Британците полека се свртуваат кон нешто друго во изборот на дестинација за летување што не се сведува само на плажа и сончање, изјави за “Дејли телеграф” Ема О’Бојл.

Истражувањата на оваа фирма покажуваат дека ако се остават по страна Хрватска и Црна Гора со својот морски брег, Македонија како дестинација интересна за туристичко патување е во предност во однос на БиХ и Албанија, за која има се уште најмногу резерви.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top