45-та Минхенска безбедносна конференција

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски присуствува на 45. Минхенска безбедносна конференција, денеска ќе има обраќање на една од панел дискусиите.

лого
logo

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски присуствува на 45. Минхенска безбедносна конференција, денеска ќе има обраќање на една од панел дискусиите.

Главната панел дискусија, која се одржува денеска е под мотото „НАТО, Русија, природен гас и Блискиот Исток: Иднината на европската безбедност“. Покрај оваа, денеска ќе се одржат панел дискусии и на тема „Глобалните предизвици и кризата на меѓународниот поредок“ и „Регионални нестабилности Кавказот и Балканот“.
Според агендата, в недела ќе се одржи пленарна седница на тема „Иднината на Алијансата и мисијата во Авганистан“.

panel diskusiiНа конференцијата присуствуваат над 300 учесници, шефови на држави и влади и министри. Безбедносната конференција во Минхен претставува најпрестижен светски безбедносен форум на кој се разменуваат мислења и ставови за главните насоки во креирањето на глобалната безбедносна политика. Традиционално учествуваат претседатели на држави и влади, министри за надворешни работи, за одбрана, членови на парламенти и други високи претставници на меѓународни организации, фондации и невладини организации.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top