27 неработни дена во 2014-та година

Вкупно 27 дена од наредната 2014 година се прогласени за неработни.Согласно со Законот за празници на Република Македонија во 2014 година неработни денови се:

mtsp
мтсп

Вкупно 27 дена од наредната 2014 година се прогласени за неработни.Согласно со Законот за празници на Република Македонија во 2014 година неработни денови се:

kalendarЗа сите граѓани неработни се први јануари – Нова Година, седми јануари Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 21 април Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, први мај – Ден на трудот, 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 28 јули Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август – Ден на Републиката, 8 септември – Ден на независноста, 11 октомври – Ден на народното востание, 23 октомври – Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се 6 јануари – Бадник, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (Водици), 18 април – Велики Петок, петок пред Велигден, 6 јуни – Духовден, петок пред Духовден, 28 август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 21 април – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – Празникот на сите светци, 25 декември – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед 4 октомври – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија неработен е и 22 ноември – Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница не се работи на 27 јануари кога е Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница неработен е 8 април, Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница, 23 мај – Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница не се работи на 4 октомври – Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, за граѓаните припадници на бошњачката заедница – 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница неработен е 21 декември-Ден на настава на турски јазик.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top