Уживајте во новото интернет доживување

Има многу нешта кои можете да ги правите на интернет, а Firefox 3 е преполн со алатки кои можат да ви го направат времето поминато на интернет попродуктивн, а најбитно од се е тоа да  Firefox 3 е најбезбедниот броузер беке повеќе години наназад. И тоа не е се. Со Firefox 3 ќе бидете во можност без никаков проблем да ги прелистувате веб страниците од новата генерација наречени WEB 2.0 страници. Впрочем со таа технологија е изработен и Вашиот ТВМ Портал.

 Подобрено пребарување со помош на табови

И ние ги сакаме табовите исто како и вие, така да Firefox 3, ќе ви овозможи да отворите нови веб странци со помош на етикети или таканаречените табови без пропуст. Секој еден од овие табови си има сопствено иконче за затварање, но без грижа, ако случајно затворите некој таб само ќе одите во менито на историјата и ќе си го вратите од листата на неодамна затворени табови. Нема повеќе да ви недостига простор. Кога имате отворено преголем број на табови, со цел прегледно да ги ставите во едно прозорче, од двете страни се појавуваат стрелки од курсорот а, иконче од десната страна со кое ќе ви се овозможи да ја погледнете листата на сите отворени табови на која лесно ќе се снајдете.

 
Проверка на спелингот

Понекогаш кога брзате, нема да можете да се сетите дали треба да ја употребите „Е“ или „И“ буквата или обратно. Firefox 3 содржи вграден систем за проверка на спелингот кој ќе ви помогне да не правите грешки при пишувањето, а ќе можете да се посветите на многу поважните работи.

 
Сугестии за пребарување

Некои од моторите за пребарување, во Firefox 3 можат да ги читаат и вашите мисли, и да ви предложат термини за пребарување кои ви се потребни. Само што ќе почнете со типкањето во прозорчето за пребарување, се појавува листа за пребарување во истото прозорче, продолжена надолу.

 
Враќање на сесиите

Кога пребарувате на интернет со прекини, навистина знае да биде фрустрирачки. Со помош на оваа алатка, Firefox 3 ви овозможува да продолжите токму онаму каде што сте застанале. Прозорчињата, табовите кои ви биле отворени, текстот кој сте го пишувале во обрасците и спуштањата што сте ги правеле од интернет, се тоа може да се врати. Дури може да се подеси Firefox 3, да се вратите на претходните веб страници без да ги спуштате повторно.

 
Интернет врски

Што имаат заедничко, насловите од весниците, членовите на рок бендовите и фотографиите од мачиња? За сите овие работи можете да се претплатите со помош на оваа алатка. Firefox 3 ви дава целосна контрола врз интернет врските, со тоа што имате право претходно да погледнете примерок, па да се претплатите. Можете да го користите маркерот или популарно наречениот букмарк на Firefox 3 или маркерот од вашиот компјутер.

 
Живи наслови

Обрнете внимание на статусот за испорака или т.н. аукција кога ја користите алатката „Живи наслови“ од Firefox 3. Доволно компактна, да може да ја собере во маркер етикета, оваа алатка секојдневно се збогатува со збир на најважните информации од дадената веб страна. Како што се подновуваат информациите на веб страната така се збогатува и алатката „Живи наслови“. Искористете ја!

 
Интегрирано пребарување

Firefox ви овозможува да најдете се што ви треба. На моторот за пребарување претходно се додадени моторите за пребарување на Yahoo, Google, Amazon, EbAy, Answers и други. Каде и да сте во мрежата, со впишувањето на терминот во прозорот за пребарување, веднаш ќе добиете одговор, од моторот за пребарување кој сте го одбрале. Можете да одберете нов мотор за пребарување, од менито за пребарување во било кое време и да додадете нови мотори за пребарување за вашите омилени веб страни.

 
Живи маркери (букмаркс)

Со помош на оваа алатка можете да гледате и веб линкови како што се вести, блог наслови од маркер алатката од менито. Само со еден поглед брзо проверете ги последните наслови од вашите омилени веб страници и само со еден клик одете веднаш до прилогот кој ве интересира.

Поп-ап блокатори

Firefox 3 ви овозможува целосна контрола врз веб страните кои ги посетувате со тоа што ги блокира поп-ап рекламите, оние досадни реклами кои излегуваат при секое отварање. Firefox 3 поп-ап блокаторот ве информира кога поп-ап рекламите се блокирани преку малечка икона на долната десна страна на екранот.

Пристап

Firefox 3 ви овозможува полесен начин на пребарување дури и за оние лица кои се со оштетен вид и во себе ја вклучува и DHTML поддршката. Веб дизајнерите се во состојба да создаваат веб страници кои ке ја намалат потребата од користење на табовите за да се стигне до саканиот документ, како и максимално да го намалат користењето на тастатурата за оние кои имаат проблеми со користење на рацете. Firefox 3 во себе содржи подршка за активна пристапност до Микрософт, а дури и API стандардите за пристапност до Микрософт се исполенти. Оваа подршка на Firefox му овозможува да соработува со дисплеј читачите како што се GW Micro’s Window-Eyes and Freedom Scientific’s JAWS. Firefox 3 излегува во пресрет и на потребите за користење од страна на лицата со посебни потреби.

 
Останете безбедни додека сте во мрежата

Мрежата е супер место да се биде, но некогаш на неа ќе сретнете лоши луѓе. Firefox 3 може ве чува од Spyware, хакерите, спам пораките, и тоа 24 часа, седум дена во неделата.

Фискална заштита или заштита од клонирани веб страни

Оваа заштита го подига Firefox 3 на сосема ново ниво на безбедност, кое овозможува заштита на вашите финансиски информации и ве заштитува од губењето на личните податоци. Кога ќе се сретнете со веб страна за која Firefox 3 се сомнева дека не е безбедна, дека е клонирана веб страна, тој ќе ве предупреди и ќе ви ја понуди вистинската страна која ви е потребна.

 
Отворените извори на информации, сега побезбедни

Во срцето на Firefox 3 се наоѓа отворен извор на развој на оваа програма кој е воден од илјадници страствени програмери и експерти за безбедност кои се наоѓаат низ цел свет. Нашата отвореност и активна комуникација со нив, ни овозможува нашиот производ да биде максимално безбеден, секојдневно подобруван, истовремено овозможувајќи ни да ги користиме најдобрите безбедносни скенери и алатки за порценка се со цел, да се подобри вашата заштита.

 
Автоматско надополнување, популарното апдејтирање

Системот за надолонување на Firefox 3, ви овозможува да погледнете дали ја користите неговата најнова верзија и ве предупредува дека треба да се направи надоплнување кога тоа ви е потребно. Овие надолонувања за вашата безбедност се малечки обично од 200-700 килобајти и ви го даваат само она што ви е потребно, со што надополнувањето на вашата безбедност оди брзо. Автоматскиот систем за надоплнување ви овозможува надоплнувања за Windows, Mac OS X, и Linux на над 40 различни јазици.

 
Заштита од спуштање на несакан софтвер или спајвер заштита

Firefox нема да и дозволи на веб страната да направи спуштање, инсталирање или пуштање на програми на вашиот компјутер без ваша изречна дозвола. При секое спуштање или инсталирање на софтвер ќе бидете известени и Firefox 3 секогаш ќе ви кажува што се случува, така да ќе имате целосна контрола врз вашиот компјутер.

 
Чистење на личните податоци

Firefox 3 поседува способност да се ослободи од сите ваши приватни податоци кои сте ги барале или оставиле додека сте сурфале на интернет само со притискање на икончето “Clear Private Data”. Можете да бидете сигурни дека кога ќе притиснете на оваа икона дека тие информации НАВИСТИНА ќе ги снема, дали при тоа користите сопствен или јавен компјутер.

 
Направете индивидуален пребарувач

Одберете една од илјадниците корисни реклами за подобрување на Firefox 3. Него лесно можете да си го трансформирате во сопствен пребарувач.

Менаџер за додатоци и теми
 

Оваа алатка ви овозможува полесно менаџирање со пристапот до додатоците и темите, со што уште повеќе се поедноставува користењето на Firefox 3 пребарувачот. Од инсталирање, до деинсталирање, од овозможување до оневозможување на вашите реклами и тоа се на едно место.

 
Менаџер на моторот за пребарување

Сега можете лесно и брзо да додавате , вадите или да ги реорганизирате вашите мотори за пребарување. Firefox 3 веднаш ќе примети дали одредена страна има мотор за пребарување и ќе ви ги инсталира веднаш само со едно кликање на иконата од менито.

И најважно од се

Firefox 3 има генеричка подршка на македонски јазик со кирилско писмо.

Затоа Портал ТВМ го одбра Firefox 3 за свој примарен броузер за изработка и прегладување на својот портал.

Firefox 3 можете бесплатно да го симнете за ваша употребе на следниов линк:

  http://www.mozilla.com/en-US/firefox/all.html

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: