НУ Завод и музеј годинава нема да реализира големи проекти

НУ Завод и музеј годинава нема да реализира големи проекти. Со годишната програма за работа за 2018- та  од ресорното министерство доби  над  2 милиони денари  за заштита на недвижното културно наследство. Ќе се работат проекти за заштита на  фрескоживописите на неколку цркви, меѓу кои Св. Богородица Захумска кај Трпејца,  Св. Богородица Болничка и Св. Богоридица Челница.  

 |  Валентина Неловска  | 

НУ Завод и музеј на зашитата на недвижното културно наследство во 2018 година ќе работи со намален буџет за разлика од минатата година. Од ресорното министерство за реализација на проекти за оваа година доби над 2.665.000 денари. Тие пари се наменети за конзерваторско реставраторски зафати врз фрескоживописи, за изработка на проекти за конзервација на фрескоживописи, но и за конзервација и адаптација на 10тина проекти, информира Елеонора Новаковска.

„ Заради специфичната ситуација во која се најде Заводот прилично е намален буџетот за проекти од областа на заштитата. Ако лани имало 20 милиони денари годинава е едноцифрена бројката. Нема поголеми зафати заради ограничените средства. Има изработка на проекти за конзервација на ферскоживописот на Св. Богородица Болничка, а во Заум нема да се оди со конзервација заостанати се работите со кровот и во Св. Богородица Челница   бидејќи се ограничени средствата ќе се направи само анализа на состојбата и ќе се направат проекти “, информира Новаковска.

Во годишната програма се одобрени 800.000 денари за конзерваторско реставраторски работи на црквата Св.Богородциа Захумска. Со 500.000 денари ќе се финсираат конзерваторско реставраторски зафати врз фасадата и кровот на Галеријата Коџоман во Струга. Додека по 100.000 денари ќе бидат наменети средства за изработка на проекти за конзервација и реставрација на Св. Богородица Болничка, Св.Богородица  Челница и Самоиловата Тврдина.

„ До година би се пристапило кон конзервација кога ќе се изготоват проектите. Тука би го издвоила и проектот за Самоиловата тврдина “, вели Новаковска.

Во заштитата на недвижното културно наследство меѓу повеќе помали проекти ќе се интервенира со 60.000 денари за конзервација, реставрација и адаптација на куќата на Момирови каде што ќе бидат изложени експонати пронајдени на Антички театар. Со 50.000 денари ќе се заштитуваат старите воденици и валавици во охридско струшкиот регион. 90.000 денари се планирани за тековно одржување на манастирскиот комплекс Сите Свети во с.Лешани, Дебрца. Над 700.000 денари ќе се инвестира во 39 конзераваторски основи во надлежност на Заводот. За музејската дејност, пак се издвоени над 600.000 денари. Со тие средства ќе се заштитуваат етнолошки предмети, но и икони од постојната поставка во Галеријата на икони.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top