Еколозите бараат езерото да не се дава под концесија

Најавата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавње на езерото под концесија наиде на најостра осуда од еколозите.

 |  Валентина Нелоска  | 
pоribuvanje
порибување

Најавата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавње на езерото под концесија наиде на најостра осуда од еколозите.

Тие се против слободно изловување на плашицата, скобусот, мрената, кленот и моранецот. Единствено плашицата може да ја врати охридската пастрмка во езерото предупредуваат тие. Бараат да се продолжи забраната за лов на овие риби, посебно кога охридската пастрмка во недостиг на храна го јаде својот подмладок, вели категорично дип. инж. агроном Лазо Наумоски, член на ЕД Грашница. Појаснува, за да се формираат репродуктивните органи кај пастрмката потребна е високо калорична храна која ја наоѓаа во исхраната со плашицата.

OhridСо воведување на високо летечките мрежи за ловење е нарушена симбиозата помеѓу охридската пастрмка и плашицата. Само со враќање на симбиозата помеѓу двата вида ќе се поврати и пастрмката додава тој. Воведувањето на високите летечки мрежи за риболов од поранешниот концесионер на езерото доведоа до истребување на пастрмката објаснува Наумоски.

Фрлањето на овие мрежи во езерските води беа рамни на чин на фрлање атомска бомба кажува Наумоски. Тој потенцира дека досега ресорниот министер Ацо Спасеноски не пројавил интерес да се сретне со еколозите. Еколозите од Грашница од 2000 година упорно водат кампања за неиздавање на езерото под концесија, и го повикуваат Спасеноски на средба. Велат ќе размениме мислења и министерот директно ќе ги чуе нашите аргументи за што побрзо враќање на рибниот фонд во езерото, посебно на охридската пастрмка.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top