Post Views: 0
Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот.
Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд.
Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни...
Post Views: 0
Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22. 02 2015 година под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд.
Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.
Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.
– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
– градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да...
Post Views: 1
„Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици....
Post Views: 1
48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во овај театар на отворено продефилираа повеќе од 1000 василичари носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирирани од личности и настани кои ја одбележаа 2014 година. Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН.
Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги...
Post Views: 3
Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера...
Post Views: 0
Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил во текот на вчерашниот ден, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Како што информираат од јавното претпријатие, работите ќе продолжат и во текот на ноќта, а се очекува дефектот да биде саниран денес до 17 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Хронично болните и граѓаните кои редовно се вакцинираат проив сезонскиот грип ќе бидат вакцинирани кон крајот на овој месец, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје.
Министерството за здравство ја завршило тендерската набавка, па така за потребите на охридскиот центар се набавени 2500 вакцини.
Од нив 1500 вакцини се наменети за охриѓани, 600 за стружани и 400 за жителите на Дебар.
Вообичаено стартот на вакцинирањето во Ценатрот почнува после 20 -ти октомври. Се очекува само на распределба на вакцините по центрите за јавно здравје.
Од таму највуваат дека...
Post Views: 3
Откако пред еден месец поскапеа речиси сите основни прехранбени производи, сега се очекува ново поскапување.
Прво на удар е маслото за јадење. Од вчера по маркетите тоа се продава по цена повисока за десетина проценти. Ако до сега се продаваше до 77 денари, сега цената достигна до 85 денари и за домашното и за увезеното. Производителите не гарантираат дека тука цената би се стабилизирала. Велат тоа го диктирале светските берзи, суровото масло било во голем пораст, затоа и тие ја покачуваат цената.
Трговците во ноември имале 2 до 3 пати корекции на цените, поскапување...
Post Views: 5
Излегувањето на американската берза на кинеската компанија Alibaba ќе биде една од најголемите иницијални понуди во американската историја, со почетна цена од 68 долари по акција и оваа компанија планира да собере дури 21,8 милијарди долари со овој потез.
Благодарение на излегувањето на берза на Alibaba, големи пари очекуваат во Yahoo кој поседува дури 22,6% на акции од оваа компанија, а по продажбата се очекува дека ќе задржат 16% од уделот во оваа компанија, а би требало да заработат 8,27 милијарди долари пред оданочувањето.
Yahoo добар дел од тие пари ќе врати на...
Post Views: 16
Анализите на Виртуелниот центар за климатски промени на Југоисточна Европа покажале дека кон крајот на есента и зимскиот дел од годината температурата ќе биде во границите на просечните вредности.
Во ноември во најголем дел од територијата на Република Македонија се очекува да биде во границите на просечните вредности, односно меѓу шест и осум Целзиусови степени, додека во планинските делови од два до четири. Врнежите ќе бидат поголеми од просечните за 25 до 50 отсто. Во централните подрачја, како и во Скопската котлина, врнежите ќе бидат поголеми од 50 до 75 отсто...
Post Views: 1
Од 2011-та, за увозот на возила од земјите на Европската Унија нема да се плаќа царина.
Иако ова е неофицијална информација, се очекува денеска да биде потврдена и од Министреството за финансии и Царинската Управа во земјава.
Како што дознаваме, ќе се носи нов закон, со кој треба да се изедначи со легиславите на земјите од Европската Унија.
Во исто време, се очекува царинската управа да дообјасни зошто викендов не ги пропушташе сопствениците на странските возила со двојно државјанство да влезат во земјава. Тврдеа дека тие возила се задржале на територијата на Македонија...
Post Views: 0
Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве имаат полни раце работа. Го санираат свлечиштето на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум што се појави под самите бекатон плочки.
Причина за тоа е забот на времето, вели капетанот Горан Устијаноски. На санацијата работи јавното претпријатие „Нискоградба“ кое има стручно оспособена работна сила за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите. Се очекува овој зафат да заврши до крајот на седмицава,...