Post Views: 0
Пчеларите од охридско деновиве се соочуваат со помор на пчелите. Велат дека пчелите се отруени поради несовесно и невнимателно прскање на овошјето со пестициди. Штети во пчеларниците забележале пчелари од Орман, Косел, Ливоишта, Вапила, Лескоец, Велгошти, Оровник, Подмолје, Мешеишта, Долно и Горно Лакочереј, Требеништа. Пчелните семејства кои се во јуни најразвиени со овој помор се преполовени. Тони Јосифоски, којшто е претседател на здружението на пчелари од Охрид вели од 90 кошници едвај успеал да спаси 50 пчелни семејства.
„Овоштарите, сигурно ненамерно ни нанесоа...
Post Views: 0
Британецот воопшто не изгледа како најпродаван класичен виолинист на сите времиња.
Најџел има панкерска фризура, се облекува невообичаено за класични концерти, и јавно признава дека е уживател на марихуана за да ја поттикне креативноста! Овој светски виртуоз на виолина е и одличен џез-музичар, па со својот Најџел Кенеди бенд” го обиколува целиот свет и приредува концерти кои прераснуваат во вистинско шоу и спектакл.
“Токму затоа неговиот настап на фестивалот Охридско лето” ќе биде со комбинирана програма од класична и џез-музика. Во првиот дел уметникот...
Post Views: 14
Куќата на Робевци целосно ќе се обновува. Внатрешноста на еден од најрепрезентативните градски објекти во Охрид ќе добие нов лик, најави министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска.
Наскоро со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“ целосно ќе се обнови и ентериерот во Куќата на Робевци, во кој ќе биде претставена и реконципирана поставка, посветена на животот на ова старо охридско семејство, рече Канческа – Милевска.
Министерката рече дека Охрид како бедем...
Post Views: 3
Екипите на Евн работа на поправка на дефектите за нормаилирање со напојувањето на струја. Сеуште без струја се Вевчани и охридските села Велмеј, Новосело, Лексоец, Косел , струшките Делогожда, Окиси,Бороец, Подгорци, Ливада, Радожда, Калишта, Ложани.
Oд Мепсо работат на поправка на далеководи , аекипите на евн ги санираат проблемите , информира Атанас Ковачески портпарол на ЕВН.
„ Ќе биде решен проблемот се очекува екипите да се пробијат до места каде што се дефектите . Мрежата на ЕВН е покрај патиштата ако има проблем на низок напон се решаваат, но не и со среден...
Post Views: 5
Фестивалот Охридско лето се закити со уште едно вредно признание како најголема културна манифестација, водечка во градењето на културните вредности на државата.
На синоќешната свеченост во Скопје, по повод 70 години од постоењето на Македонската филхармонија, Охридско лето доби благодарницата за особен придонес во растежот и развојот на најстарата национална музичка институција во земјава. Наградата ја прими претседателот на Управниот одбор, Зоран Вељаноски- Летра. Според него голема е честа да се добие едно вакво признание кое ги потврдува напорите Фестивалот да...
Post Views: 9
Годинешното 61 издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде свечено отворено со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Изведбата на Националната опера и балет ќе ги содржи балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавиц“, извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Во овој грандиозен проект ќе настапат 90 македонски уметници од Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во текот на 40 дена фестивалска програма ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, истакна Наташа Поповиќ...
Post Views: 8
Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро.
Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа:
Уредување на 120 метри плажа во населеното место Далјан,
Уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп,
Уредување на 700...
Post Views: 0
Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по консултација со јавниот обвинител, истите се одземени.
Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,...
Post Views: 1
Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од преставните на централните и локланите инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско.
Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј,...
Post Views: 3
При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид на ден 15.10.2014 год во 22.30 часот кај м.в Рибница во водите на Охридско Езеро затекнати се 2 лица кои вршеа недозволен риболов со мрежи.
При вршењето на контролата од страна на овластените лица од концесионерот и Државниот инспекторат за земјоделство користена е софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање по што лицата се идентификувани...
Post Views: 5
Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца.
На трети овој месец околу 9 часот, заедничката патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција, го забележала А.З. (47) од Поградец на околу 50 метри илегално навлезен во македонските територијални води при незаконит риболов.
По консултација со јавниот обвинител од А.З. одземени се 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери...
Post Views: 2
Денес во 12 часот и 30 минути беше почуствуван нов земјотрес во охридско, трет за само три дена.
Земјотресот е регистриран со јачина од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала, на длабочина од 2 километри.
Инаку епицентарот е регистриран на 15 км западно од Демир Хисар, во близина на Велмешка планина.
{loadposition content9}