Ознака: овој

turnir kosarka

Европска клубска кошарка викендов во Охрид

Post Views: 20 Јавното претпријатие „Билјанини извори“ подготвува вистински викенд-спектакл. После подолго време, во Охрид ќе настапат врвни европски кошаркарски екипи. Овој петок, започнува меѓународниот турнир „Охрид Трофеј 2013“, кој на охриѓани ќе им понуди вистинско спортско уживање. Главен покровител на овој меѓународен турнир е општина Охрид, додека негов реализатор ќе биде ЈП „Билјанини извори“. „Можеби возрасните ќе ме корегираат, после три децении на голема врата ја враќаме меѓународната квалитетна клубска кошарка. Ја враќаме со „Охрид Трофеј 2013“. На него ќе учествуваат...

Continue reading

asnom

Конечно градската сообраќајница „АСНОМ“ ќе добие тротоари

Post Views: 5 Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен...

Continue reading

advokati

Француски искуства за приближување на македонското кон европското законодавство

Post Views: 0 Адвокатските комори на Република Македонија и градот Кан од Франција денес потпишаа договор за меѓусебна соработка. Потпишувањето на овој договор за македонските адвокати, и адвокатите од Кан ќе значи и можност за размена на искуства, во повеќе различни области од правото, вклучително и во областа на човековите права. Според претседателот на адвокатската комора на градот Кан, Робер Алери, овој договор претставува само рамка за сите идни активности чија содржина ќе се формира во зависност од желбите на адвокатите од двете земји. „Се разбира дека адвокатската комора од...

Continue reading

opstina

Европа ќе го отвори кесето

Post Views: 2   Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше  Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција. Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР. Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат...

Continue reading

gubre

Туристичката сезона заврши ама остана расфрланиот смет

Post Views: 9 Околината на патот кој води кон хотелот со пет ѕвездички, Инекс Горица и кон вилата на претседателот и останатите државни објекти, затрупана со смет. Овој најрепрезентативен дел од Охрид нималку не изгледа репрезентативно со расфрланото ѓубриште покрај патот. Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума. Големиот број рекреативци кои ја користат оваа патека зад нашата камера коментираа дека ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба. „ До лани овде поминуваше...

Continue reading

Pirin fest

Нечоски освои втора награда на „Пирин Фолк“ во Бугарија

Post Views: 15  Голем успех на тандемот  Нечоски,  Павловски и  Арнаудова на интернационалниот фестивал„Пирин Фолк“, во Сандански, Бугарија. Петар Нечоски, познатиот македонски фолк-пејач ја освои втората награда  на овој фестивал, но и наградата за интерпретација, за песната  „Кој пат да го фатам“.Текстот  го напиша Вера Арнаудова, музиката е на Диме Павловски, а аражманот на Славко Ристески. „Јас прв пат пеам на овој фестивал и искрено сум многу изненаден од организацијата од пристапот и од тоа како ги вреднуваат како личности интерпретаторите, авторите, текстопиците. Бевме сместени...

Continue reading

Уште една причина за страв од пајаци

Post Views: 9 Лицата кои страдаат од арахнофобија имаат уште една причина да се плашат од пајаци бидејќи научниците откриле дека одредени видови на овие инсекти ловат и јадат риби поголеми од себе. Научниците дошле до бројни докази ширум светот за постоење на полу-водени пајаци кои јадат риби. Одредени примероци можат да пливаат да нуркаат и да одат по површината на водата. Пајаците користат моќни неуротоксини и ензими за да ја усмртат и сварат рибата. “Обично на пајакот му се потребни неколку часови да ја изеде рибата и да останат само коските”, рекол за Reuters зоологот Martin Nifeler...

Continue reading

Jane Petkov

Јане Петков – Човекот Амфибија, успеа во својот подвиг

Post Views: 5 Патеката од Горица 1 до малото пристаниште, долга 2388 метри врзан во вреќа ја преплива за 2 часа и 47 минути. Петков на  скептиците кои не веруваа во најавите им покажа што е верба и самоконтрола. На целта стигна свеж и задоволен, со најава дека доколку водата беше потопла би можел да плива многу подолго. „Имаше една струја лоша уште на првиот километар многу студена, но со мислата си контролираш дека ти е топло и продолжуваш напред. Немав проблем. Ако беше потопла водата ќе пливав многу повеќе 5, 10 километри итн. Но тоа ќе го направам следната година. Сега ќе чекаме...

Continue reading

plostad

Ќе се направи малиот плоштад кај некогашната библиотека

Post Views: 2 Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори. Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од...

Continue reading

Dalga

Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка

Post Views: 2 Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите  им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на  проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.   „ Ние не добиваме...

Continue reading

Petkov

Човекот-амфибија, Јане Петков, со врзани раце и нозе ќе плива во Охридското езеро

Post Views: 0 Пливачкиот инструктор, спасувач и авантурист, Јане Петков од Сандански, соседна Бугарија во водите на Охридското езеро ќе се обиде да направи еден несекојдневен, необичен и пред се екстремно опасен подвиг. Петков ќе се обиде со врзани раце и нозе, а потоа вовлечен и повторно врзан во вреќа да преплива цели три километри почнувајќи од плажата Горица 1 до градското пристаниште. Ваквиот подвиг не е новина за Петков, бидејќи тој веќе има пливано со врзани раце и нозе. Тој ни раскажа како тоа за прв пат се случило, но и која е тајната за да се успее во еден ваков несекојневен...

Continue reading

rezba

„Звуците на длетото“ изложба посветена на 12 охридски резбари

Post Views: 7 Со наслов  „Звуците на длетото“ започна  изложбата посветена на повеќемина охридски резбари. Организаторот на изложбата, етнологот Оливера Мишева, од охридскиот Завод и Музеј  направила избор на дела работени во разни техники. Љубителите  на оваа уметност имаат можност да ги видат делата изработени во плитка, длабока и поткопана резба. Има изложено рељефи, скулптури, делови од иконостаси со библиски сцени, појаснува Мишева, за  делата од 12- мината резбари.„Тие се претставнаци на различни генерации – мајстори кои го изучиле занаетот во резбарското училиште  Андон...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top