Post Views: 0
Eкипите на ЈП „ Нискоградба“ не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј.
„Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата...
Post Views: 8
Розата со право е наречена кралица на цвеќињата. Низ целиот свет е позната како традиционален симбол за љубов и убавина. Речиси сите уметници го величат овој цвет, писатели, поети, музичари…Во светот на уметноста во најголема мера се користи во периодот на грчко – римската антика каде во Стара Грција поетот Анакреонт во своите оди ја славеше роза како кралица на цветовите и цвет на боговите.
Во антиката освен како цвет на љубовта и среќата била и симбол на херојска храброст, триумф и слава. Розите се ставале на гробовите на паднатите јунаци и ги поврзувале...
Post Views: 2
Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат...
Post Views: 2
Пукната цевка прави речно корито на дел од тротоар на ул Ванчо Питошески. Проблемот е стар речиси една деценија, се пожалаа жителите од оваа улица. Велат години наназад екипите на МЈП Проаква, се обидувале да го решат овој проблем но не успеале. Тие бараат градските власти да пристапат кон сериозно решение на проблемот и ги повикаа сите кои се надлежни за тоа.
„Треба под итно да се смени целата водоводна цевка дури и канализацијата која е проблем. Значи ова треба да се реши, да не се чека, мора под итно на Совет во општина да се разгледа, се ќе направиме за да се реши...
Post Views: 14
Подигнат е степенот на безбедност во училиштата. Тоа е резултат на две годишните активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Безбедни училишта-Хармонична средина“. Како што изјави Офелија Петреска, целта на проектот е да се преземат активности за училишта без насилство од секаков вид, како и тоа училиштето да претставува втор дом за учениците. Денешниот хепенинг е промоција на досега реализираните активности додава таа.
„Со вклучување на ОУ во проектните активности, со годишна програма одобрена од Локалниот совет на општина Охрид, беше изработен кодекс...
Post Views: 1
Основните предрасуди во врска со мешаните пијалаци се дека тие, барем колку што нам ни е познато, спаѓаат во категоријата на женски пијалаци. Се знае што пијат мажите – пиво, ракија и понекогаш вино, кога сакаат да изгледаат култивирано. Благи пијалаци со азурни бои и чадорчиња за декорација – Не, благодарам. Меѓутоа, сè е до неинформираноста. Џин-тоникот не е женски пијалак. Овој „жежок“ пијалак подеднакво добро лизга и низ машкото и низ женското грло. Ако некогаш се двоумите дали е тоа машки или женски пијалак или ви е непријатно во друштво што пие шест...
Post Views: 8
Се поголем интересот кај охридските земјоделци за подигнување на овошни насади со аронија. Ова растение кое е познато по своите лековити својства, во нашата држава стана вистински хит во последниве неколку години.
Од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат дека и охриѓани го следат трендот на подигнување на нови овошни насади со овој специфичен вид на овошје.
„Во охридскиот реон и во општина Дебрца има зголемен интерес за пријавување на тој овошен насад од аронија, но исто така нашите индивидуални земјоделски производители...
Post Views: 1
Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел.
„Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти...
Post Views: 0
Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец.
Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги обелодени...
Post Views: 4
Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel.
Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз.
Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro.
Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како што...
Post Views: 5
По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, изведоа мировен марш од пред седиштето на Сојузот на борците, до градскиот плоштад, по што беше положено цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк. Пред присутните на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот беше прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки- Мун. Учесниците на маршот испратија порака за траен мир и благосотојба на сите луѓе во светот, без разлика на вера, нација, религија. Пораката беше упатена до власта и...
Post Views: 1
Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом.
Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...