Post Views: 2
Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија.
Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет.
Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....
Post Views: 1
Во одбележувањето на 11 Октомври Денот на востанието на Македонскиот народ како и Денот на борецот се приклучија и борците од Охрид и Дебрца. Тие денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата„Единаесетти окотомври за Македонија и македонскиот народ како и за националните заедници кои живеат во Македонија го одбележува почетокот на последното востание на македонскиот народ за остварување на сите цели за кои се бореле претходните востаници“ истакна Крсте Крстаноски еден од преживеаните учесници од НОВ. Крстаноски и Васо Цветаноски...
Post Views: 3
Околу 1200 сопственици на пловни објекти регистрирани во Охридската капетанија чекаат изградба на современа марина. Потребата од изградба на прифатилиште за глисерите и чамците е потребна нагласуваат и од Капетанија. Од Локалната самоуправа бараат погодна локација за изградба на марина, информира портапролот Томе Џамтоски. Постои план за изградба на марина и уредување на крајбрежниот појас во најатрактивното централното градско подрачје и каналот Студенчишта.
„ Реално Локалната самоуправа размислува колку во овој момент според се она што му се случуваше на градот...
Post Views: 16
Сите градски функции освен полицијата и противпожарната служба се препуштени на таканаречениот outsourcing. Првиот впечаток е дека градот наликува како и сите други градови во САД но сепак се разликува во многу нешта од другите.
Sandy Springs е град со 100.000 жители и се наоѓа во сојузната држава Џорџија во САД. Она што го чини поразличен од другите е тоа што од 2005 година скоро сите функции на градската управа се препуштени на приватна компанија.
Градот има многу ефикасен outsourcing кој е задолжен за грижата околу инфраструктурата, но и за исплата на плати кои...
Post Views: 12
Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре. „Конкуренцијата беше многу голема, имаше натпреварувачи скоро од сите земји“, вели Мојсоски. Тој открива дека нетпреварот бил многу исцрпувачки и дека траел од 15 до 20 часот навечер или цели пет часа. Охридскиот бодибилдер за ТВМ раскажува како течеле подготовките за натпреварот, но и открива од што се се одрекол за да се подготви за светското првенство.
„Се...
Post Views: 0
Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година, настан чиешто неодамнешно одбележување од страна на албанските и бугарските историчари, предизвика низа бурни реакции во јавноста. Само за информација пред десетина дена бугарски и албански историчари на симпозиум во организација на општина Струга востанието од 1913 година го нарекоа албанско бугарско. Зоран Тодороски директорот на Историски архив на Република Македонија истакна дека недозволиво е да се подигнуваат спомен плочи во чест на албанските востаници испишани само на...
Post Views: 2
Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа.
„Моја лична желба и определба, а и определба на...
Post Views: 0
Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување. Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа...
Post Views: 0
Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции, државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег.
„На ова место донесена е планска документација...
Post Views: 1
Осветлувањето на дел од регионалниот пат А3, Охрид -Св. Наум, речиси еден месец во прекин, реагираат граѓаните, кои живеат во пригратските населби на Охридското езеро. Велат дека делот на оваа сообраќајница и тоа од „Хидробиолошкиот институт“ па се до клучката кај хотелот „Инекс Горица“, е во целосен мрак. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи станува збор за дел од сообраќајницата на која во минатото се случувале голем број сообраќајни незгоди. За објаснување се обративме до Јавното претпријатие „Државни патишта“.
Кирил Каркалашев помошник раководител на Секторот за...
Post Views: 0
Mестото каде се наоѓа вечното почивалиште на ловороносецот Григор Прличев, заборавено од надлежните. Паркот зад црквата Св. Богородица Перивлепта каде се наоѓа гробот на вториот Хомер покрај тоа што речиси ретко кој ојхриѓанец го знае, обраснат е со трева и прекриен со ѓубре. Од Завод и музеј велат дека иако одржувањето на ова место не е во нивна надлежност минатите години од нивна страна е извршена одредена реставрација и обновување на надгробната плоча и натписот кој стои на неа.
Во секој случај ова место заслужува поголемо внимание од нас самите поради нас самите....
Post Views: 16
Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата.
Токму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната...