Post Views: 5
Порано била обележје за социјалниот статус, денес секоја жена може да ја има на себе и да изгледа отмено, но и секојдневно, во некоја лежерна комбинација.
Чипката е трендовска ткаенина веќе неколку сезони, од блузи, здолништа и кошули, па дури и хеланки. Дизајнерите додаваат чипка на блузите и џемперите за да ги направат ултра женствени.Чипката дава малку женственост и шик на било кое парче облека.
Овој тренд е одличен за вас ако го негувате поженствениот стил на облекување. Но со соодветна комбинација чипката може да се носи и во поопуштена варијанта за секој ден.Чипката...
Post Views: 6
Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60 талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.„Прво да се потикнат оние ученици...
Post Views: 6
Во малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.
„Децата од градинките...
Post Views: 0
Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. Тој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов.
„Тие се едни од најфрекфентните...
Post Views: 0
Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика...
Post Views: 0
Конкурсот за изработка на апликација за андроид телефони привлече голем интерес на студентите од информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле. 11 групи составени од по 3 студенти ќе изработуваат апликации за Android и I Phone. Вилјам Асијама е еден од пријавените студенти.
„ Дознавме дека се работи за Android и IPhone натпревар. Нашиот тим најчесто работи со Windows апликации, но ќе се обидеме да изработиме и со андроид. Очекувам да се забавувам додека работиме на андроид апликацијата бидејќи немаме големо искуство, но сакаме да се испробаме“.Студентите од „Свети...
Post Views: 3
Речиси осумдесет бизнисмени кои, по конференцијата во Санта Моника ја посетиле вилата на Хју Хефнер, заболени се од сеуште неидентификувана болест на респираторниот систем.
Токму затоа во моментов светски познатата Плејбој вила е под истрага. Иако дури сега е објавено во јавноста, овој случај се случил на 3 февруари.
Гостите во вилата биле бројни бизнисмени кои по само 24 часа започнале да се жалат на главоболка, грозница, респираторни проблеми, а некои од нив добиле и запаление на бели дробови, пренесуваат американските медиуми.
Министерството за здравство на САД...
Post Views: 9
Потенцијалот на земјодеството во југоисточна Европа сеуште неискористен, сметаат европските синдикати од областа на агробизнисот. Според генералниот секретар на европските синдикати од агробизнисот, Харолд Виденхофер, земјоделските производи доживуваат вистинска потрошувачка експлозија во моментот, и токму поради тоа, смета дека Брисел и Европа мора да размислуваат во насока на помагање на регионот на југоисточна Европа познат по квалитетните и еколошки земјоделски производи, бидејќи во моментот тоа не се прави во доволна мера.
„Ако ги земеме предвид глобалните прашања...
Post Views: 0
После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно...
Post Views: 0
Активистките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид засадија бели рози во паркот пред хотел „Гарден“. Ове е најновиот проект и прв од ваков вид во градов кој членките на „Деница“ го спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа. Оваа иницијатива е само почеток на разубавување на градот вели Јулијана Василевска. Додава дека во иднина планираат низ целиот град да се засади белата роза и порача сите кои имаат дворови да се приклучат кон иницијативата на ЛК „Деница“ за поддршка на овој проект.
„Оваа година Лајонс Дистрикт 132 започна една иницијатива која за среќа ние...
Post Views: 1
На НП „Галичица“ се налага потреба од изградба на пункт за одржување на патиштата. Тука се наоѓа највисокиот патен премин во Македонија на 1600 метри надморска височина. Територијата на патот опфаќа две општини, Охрид и Ресен. Во границите на паркот има 18 села, од кои 14 на охридска територија и 4 на ресенска. Од ЈП „Македонија пат“, Јован Митрески, раководителот на секцијата Охрид, признава дека условите за одржување на овој патен правец се исклучително тешки не само за зимското оддржување туку и воопшто.
„Изобилува со мошне стрмни и несигурни делови од патот, нормално...
Post Views: 8
Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје. Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта. Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем.
„Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение....