Ознака: овој

палас

Палас може да се менува

Post Views: 7 Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката. Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...

Continue reading

Проруските бунтовници ги предадоа црните кутии

Post Views: 3 Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предал црните кутии од соборениот патнички авион  на малезиските експерти. Во таа прилика двете страни, во седиштето на самопрогласената Доњецка народна република во Доњецк, потпишале документ кој Бородај го нарекол “протокол со кој се финализира оваа процедура”, пренесува Reuters. Претставникот на малезискиот совет за национална безбедност, полковнкот Mohamed Sakri, на новинарите им рекол дека двете црни кутии се во “добра состојба”. Како што пренесува AFP, проруските сепаратисти...

Continue reading

potpisuvanje memorandum

Размена на искуства и знаења за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 1 Универзитетот за Информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти,...

Continue reading

kesi

Никнува ли уште една мини депонија во срцето на Охрид?

Post Views: 1 На поранешниот полигон за мали спортови, никнува уште една мини депонија, реагираат група совесни граѓани. Тие реагираа до редакцијата на „ТВМ“ телевизија во врска со овој новонастанат еколошки проблем. Иако станува збор за приватен имот, според членот 6 Законот за јавна чистота сопствениокт на овој простор е должен: „Корисниците односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и индиидуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните...

Continue reading

jagula

Дел од Охридското Езеро оди под концесија за лов на јагула

Post Views: 6 Радован Димитриески, претседателот на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, во гостувањето на утринската емисија на ТВМ Телевизија, објасни за кој дел од езерото поточно станува збор и за кој вид риба ќе се издава концесијата. „Да не дојде до забуна кај јавноста, значи Охридското Езеро е дадено под концесија и за стопански и за рекреативен риболов, сега се доделува само оној дел што спаѓа до Даљан. Охридското Езеро го опфаќа делот од Црниот Дрим од истекот до Даљан, а сега оној дел од Даљан до црквата Св. Петка како го викаме до „ножот“,...

Continue reading

predavanja

Стартуваше проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“

Post Views: 11 Мал е бројот на учениците од Охрид и Струга кои знаат какви риби живеат во Охридското Езеро. Се надеваат дека преку проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“ и предавањата за живиот свет во него, во голема мерка ќе ги зголемат не само нивните знаења за рибниот фонд, туку и знаењата за вредностите на езерото и заштитата на животната средина. „Јас пред да се одржи овој час не бев доволно запознаена со животинскиот свет во Охридското Езеро.Мислам дека со ваквите часови, преадавања лично јас а и останатите ќе се запознаат со убавините на Охрид и животинскиот...

Continue reading

boenje

Креативноста во функција на хуманизмот

Post Views: 3     Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“  како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста. Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“. Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на...

Continue reading

primopredavanje

Општина Охрид стана сопственик на објектите од стрелиштето Мауцкер

Post Views: 21 Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид. Од страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид. “Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција...

Continue reading

opstina ohrid

Локална:За 8 год. на власт во Охрид СДСМ не почуствуваа потреба за заштита на блатото

Post Views: 0 Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една  безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид.-реагираат од Локалната самоуправа. „За прв пат после повеќе децениско уништување на Студенчишкото блато, неговото претворање во депонија за градежен...

Continue reading

kostum

Само за позери

Post Views: 4 Брендот Herve Leger неодамна промовираше костим за капење од неверојатни 1500 долари. Она што е чудно околу овој костим е фактот што се препорачува да се носи на суво, односно да не се плива со него. Сепак, препораката е мошне збунувачка со оглед на тоа дека истиот е изработен од полиестер, најлон, спандекс и може да се пере во машина за перење.Инаку станува збор за виолетов дизајн со портокалови ленти кој на предниот дел е отворен овозможувајќи и на дамата која што го носи добро да го исонча стомакот. Модните познавачи препорачуваат овај костим за капење да се носи...

Continue reading

parno ftu

Одложен семестар на студентите од ФТУ

Post Views: 3 Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски  признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште. „Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за загревање...

Continue reading

brosura

Брошурата „Инвестирајте во Охрид„ со низа технички грешки

Post Views: 5 За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши. Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание  ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни барања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top