Ознака: овој

upisi

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Post Views: 2 Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет. „Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено...

Continue reading

zolta faza

УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните

Post Views: 1 Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што точно...

Continue reading

crven krst spasiteli

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

Post Views: 2 „Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид. А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и понатаму....

Continue reading

Кинезите имаат решение за сѐ

Post Views: 4 Погледот вперен во телефоните и успореното движење, често се опасност во сообраќајот поради намалено внимание, но во Кина се обидуваат тоа да го решат. Имено, на патеките за велосипедисти или пешаци се нешто на што сме навикнати, но во кинескиот град Chongqing сега направиле патека за луѓе кои одат по градот со погледот вперен во телефон. Дел од тротоарот во градот е исцртан со предупредување “на оваа патека се движите на сопствена одговорност”. Ова е обид луѓето да се одвратат од гледање во екраните додека се движат низ градот. Но, прашање е колку овој потез ќе биде...

Continue reading

sahti

Пази, отворена шахта

Post Views: 0 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната...

Continue reading

brza pomos

Брза помош Охрид со полни раце работа

Post Views: 1 Се зголеми бројот на посетите и јавувањата во брзата помош во Охрид. Тоа пред се должи на високите температури, напливот на гости посебно за време на празниците и тоа не само кај хронично болните туку и кај здравите луѓе. Раковдителот на брза помош д-р Ацо Стојаноски нагласува дека во овој период на зголемена фрекфениција на прегледи и повици посебен ризик се јавува кај луѓето што се со срцево белодробни заболувања, стари лица, деца, трудници. Присутен е стомачниот вирус но имало интервенции кај лица кои се пожалале на зголемена телесна температура, треска итн. Додава,...

Continue reading

crven krst

Црвениот крст од Охрид на мускули ќе го турка проектот „Родителите се наша грижа“

Post Views: 1 Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...

Continue reading

галерија

Слаба посета на Галеријата на икони

Post Views: 6 Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како  Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор  со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј.  Отворени се  за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите  склучат договор за носење  тури...

Continue reading

Smolarski vodopadi

На Смоларскиот водопад ќе се одржи првата Костенијада

Post Views: 56 Во функција на развојот на руралниот туризам и промоција на природните богатства на Беласица, општина Ново Село, в недела на просторот под Смоларскиот водопад ќе ја организира првата Костенијада, манифестација која заедно со етно-фестивалот „Новофест“ треба да придонесе за натамошна афирмација на материјалните и духовните вредности на овој регион. Иницијативата на градоначалникот на Ново Село со одушевување беше прифатена од граѓаните на Смолари, кои изразија целосна подготвеност да учествуваат во реализацијата на овој проект. Целта на манифестацијата е презентација...

Continue reading

cingo

„ Коси од розева волница“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“

Post Views: 19 „ Коси од розева волница“ под шифра Солза  е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“.  Наградениот расказ носи една ретко обработена тема во кој е прикажан спојот меѓу реалниот  и натприридниот свет. Нарацијата е лесна, со чиста мисла без оптоварување на непотребни описи, јазикот е лесно прифалив, композициски е изграден до совршенство, кажува Ирена Бачиќ, од жири  Комисијата на конкурсот Живко Чинго 2014. „ Од овој расказ извираат силни емоции кои го поместуваат човекот од сосптвеното лежиште. Исповед е на една душа, мајка која прерано го напуштила овој свет...

Continue reading

trotoar

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 4 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека...

Continue reading

mrvica

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 10 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top