Ознака: Македонија

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид

Post Views: 8 Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид. Синоќа на отварањето присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, како и истакнати личности од јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски. Ова ќе биде канцеларија каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат, да муабетат и да разменуваат свои ставови и мислења за различни теми од општественото живеење. Ова е прва канцеларија на оваа партија надвор од Скопје. Охрид во многу работи...

Continue reading

Фокусот на Меѓународната заедница, односно на ЕУ и НАТО, повторно е ставен врз Македонија

Post Views: 8 НАТО и ЕУ ќе помагаат во градење на стабилноста на Западен Балкан. Ние сакаме даја видеме Македонија, како дел од Европската Унија но тоа зависи од самата земја, која треба да работи напорно и од останатите земји членки, беше истакнато на работилница која неодмана се одржа во Охрид, на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на Стабилност за Западен Балкан“, што се одржува во Охрид. „Македонија треба многу да работи, имаше големи падови но Македонија има многу паметни луге кои што знаат што сакаат, знаат да работат, се покажуваат истрајни и мислам дека добро...

Continue reading

Охриѓанките Маја и Мартина едни од најдобрите средношколки во Македонија

Post Views: 5 Едната љубител на математиката и информатиката, другата со огромна љубов кон природните науки, особено физиката, Маја и Марина се дефинитивно едни од најдобрите средношколки во Македонија. Потврда за тоа се и резултатите од Државниот испитен центар на македонски наставен јазик за државната матура, каде Маја и Мартина се во самиот врв. Соученичките од охридската гимназија „Св Климен Охридски“ ни ја откриваат формулата за тоа што е потребно да се стане најдобриот матурант во Македонија. „Секако дека треба континуирао учење од четирите средношколски години, како што го...

Continue reading

muzej

Приведени деветмина осомничeни во врска кражбата во Музејот на Македонија

Post Views: 0 Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија, соопштија за МИА од МВР. Според првичните информации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот на Македонија. Во истрагата беше констатирано дека недостасуваат 166 вредни предмети од културно историски значење. Истрагата покажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица од внатре. {loadposition content9}

Continue reading

romi

Дипломата креира лидери, учи медицина

Post Views: 0 „Дипломата креира лидери, учи медицина.“ Ова е мотото под кое веќе трета година, се промовира Програмата за доделувањње медицински стипендии за роми. Анита Абазоска е една од заинтересираните средношколки, кои својата професионална иднина ја гледаат во сферата на медицината. „Медицината ја одбрав, бидејќи од секогаш сум имала желба и знам дека можам да станам едно од тие медицински лица, желбата ми беше огоромна и успеав во тоа и сакам да продолжам, а оваа програма  за стипендија ќе ми помогне во тоа и многу сум задоволона ако се случи тоа“ вели Абазоска. Програмата...

Continue reading

Околу 500 лица во општина Охрид се вработиле со проектите Македонија вработува 1 и 2

Post Views: 5 Според Законот за измени и дополнувања на законот за вработување во случај на невработеност наречен Македонија вработува 1 и 2 се вработени оклу 450 охриѓани. Во изминатите 2 години се до 27 јуни кога важел овој Закон биле искористени бенефиции при варботувањата со ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за млади лица до 35 години и за ослободување од персонален данок на плата. Овие бенефиции ги искористиле неколку категории граѓани. Половина се млади до 35 години, но има и лица над 58 години, како и 10 лица од ранливите категории, информира...

Continue reading

Boris Trajkovski

Десет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Post Views: 4 Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година. Својот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ,  Киро Глигоров. По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе...

Continue reading

azilant

Германија, дестинација број еден за македонските азиланти

Post Views: 2 Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби. Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција. Од воведувањето на визната либерализација бројот на...

Continue reading

Водењето на еколошки кампањи во Македонија не е едноставен процес

Post Views: 1 Граѓанските организации треба да бидат креатори на активности кои нема само да значат печатење на флаери туку ќе значат и соработка со населението како и соработка со институциите каде ќе може да делуваат на полето на креирањето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се спроведат. Европската Унија континуирано пројавува интерес за реализација на многу проекти кои се однесуваат на екологијата, од колекторскиот систем на Охридското Езеро, до изградба на велосипедска патека околу езерото, па се до издвојување на средства за изработка на студија за градење...

Continue reading

surogat semejstvo

Сурогат-мајчинството, комплексен потфат

Post Views: 4 Сурогат-мајчинството е комплексен проблем и од психолошки и од психијатриски аспект и затоа треба сериозно да му се пристапи, а сурогат-мајката треба да биде добро информирана што ја очекува кога ќе се случи чинот на предавање на бебето на идните родители. Многу да се внимава на психичката состојба на потенцијалните сурогат-мајки порачаа психијатрите и психолозите учесници на јавната дискусија за предлогот на Министерството за здравство да се воведе сурогат мајчинство во Македонија. Според нив, треба да се формира стручна комисија која прецизно ќе одреди дали мајката...

Continue reading

rozi

Македонија, земја на розите

Post Views: 0 Македонија ќе стане земја на розите. Минатогодишната кампања “Скопје градот на белата роза” се проширува на целата територија на државата. Под мотото “Македонија земја на цвеќето, земја на розите” на 21 март во сите региони треба да бидат засадени над 100 000 рози. Освен за визуелниот ефект кој ќе се постине, изборот на розата се темели и врз основа на студија која го потврдува нејзиното значење во заштитата на животна средина. “Ова е една кампања со која ги повикуваме сите граѓани поединечно да се вклучат во своите дворови, на терасите,...

Continue reading

vaterpolo

Почнува операцијата Волос за ватерполистите

Post Views: 4 Македонската ватерполо репрезентација од утре ќе го искористи Олимпискиот базен во Скопје за да се собере и деновиве да тренира, пред да замине во среда на Волос во соседна Грција, на квалификацискиот турнир за ЕП 2010 година Македонија е во група со домаќинот Грција, која ја победивме во Скопје пред повеќе од еден месец на Олимпискиот базен во Скопје во Светскиот куп, потоа Словенија и Франција. Првите две селекции од групата одат на ЕП кое ќе се одржи во Хрватска. Според распоредот, македонските ватерполисти почнуваат на 30 април со мечот со Грците, па следи пресметката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top