Ознака: кои

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

eksterno

Каде во средно

Post Views: 5 Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка....

Continue reading

МП

Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев

Post Views: 1 Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев.  Околу 50тина учесници  во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска  упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев.  За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да  земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив...

Continue reading

sexy police squad

Секси полицајки за успешна туристичка сезона

Post Views: 4 Властите на мексиканската држава Гвереро, позната по популарните летувалишта, ќе вработи атрактивни убавици кои ќе работат за локалната полиција. Убавиците на возраст од 18 до 35 години, во блиска соработка со федералната полиција, воглавно ќе работат во хотелите во Акапулко на безбедноста на странските туристи. “Покрај привлечниот изглед, девојките ќе мораат да имаат минимум средно образование и мора да зборуваат најмалку еден странски јазик”, објасни министерот за јавна безбедност. Тој додава дека за “секси” полицајките ќе бидат изработени...

Continue reading

AI

Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината

Post Views: 1 Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот.   „Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да...

Continue reading

nagrada

Наградата „Горна порта“ во рацете на доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески

Post Views: 29 Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми. Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година.   „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво...

Continue reading

Расте загриженоста на научниците

Post Views: 3 Научниците кои работат на откривање на лек против еболата, им ја отежнува работата нејзината карактеристика, а тоа е дека вирусот рапидно мутира. Проучувањето на пациентите на кои е дијагностициран вирусот во Сиера Леоне, откриле скоро 400 генетички модификации, пишува Daily Mail. Тоа би можело да е штетно, не само за моменталните третмани, туку и за идните вакцини на кои се работи.Тимот на истражувачи од Harvard и Универзитетот Massachusetts, анализирал повеќе од 99 вируси геноми на ебола. Откриле повеќе од 300 генетички промени поради кои епидемијата на ебола оваа...

Continue reading

bekatnoki

Што произведува ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 2 Обновено производството на готови бетонски производи. ЈП „Градски Гробишта“, со цел да ја подобри финансиската состојба се зафати со нови дејности. Директорот на ЈП Зоран Симоноски нагласува дека и порано Градски гробишта како работна единица во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ , дел од тие производи ги работеле, но од за него непознати причини тоа производство било занемарено, за сега повторно да го активираат. „Со оглед на бројот на вработени со оглед на другите трошкови што ги имаме само со приходите досега што биле во ЈП, направивме анализа дека не можеме да го...

Continue reading

Сан Франциско ќе забрани продажба на домашни миленици

Post Views: 5 Градските власти ја разгледуваат можноста за криминализација на продажбата на домашни миленици, бидејќи истите без потреба страдаат и најчесто се купуваат импулсивно од родители, на чии деца брзо им досадува од животното за кое не се грижат соодветно. Продавниците за миленици се противат и велат дека покрај тоа што ќе останат без работа, евентуалниот закон нема да ги спречи жителите на Сан Франциско да купат милениче од друго место. Оние кои го подржуваат законот сакаат да се стави крај на непотребното размножување на животните за профит, кое резултира со чување на милениците...

Continue reading

ученици

Нови правилници за организирање на ученички екскурзии

Post Views: 5 Ученичките екскурзии ќе се организираат по нови правилници. Ова доаѓа по големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите. Жалбите најчесто биле од училишните комисии , а со изработката на правилниците за начинот на водење на екскурзиите министерот очекува да се елиминираат сите шпекулации околу евентуален нетранспарентен процес при избор на фирма. Новина е што отсега постапката за прибирање на понуди училиштето ќе треба да ги објави на видно место на училишната зграда и во најмалку...

Continue reading

soobrakajka

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 0 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.  Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...

Continue reading

параглајдер

НП Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските параглајдеристи

Post Views: 15 НП Галичица направи измени во новиот ценовник кој ги разбуричка страстите на љубителите на паркот. Посебно револтот јавно го манифестираа спортските  параглајдеристите. За  параглајдеристите цената е спуштена од 1500 на 300 денари  дневен лет. Но, плаќањето не се укина за спортистите рекреативци, кои тоа го бараа од  властите на сите нивоа, вели за ТВМ , Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам.  Кажува дека раководството на националниот парк за цената се испазарило со 4-5 мина комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top