Post Views: 8
Утврдувањето на конечната локација за изградба на градската марина е при крај, најавуваат од локалната самоуправа. Реализацијата на овој проект кој долги години наназад се најавува, според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе добие финансиска поддршка од Владата, односно средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината, во моментов се одлучува помеѓу две локации.
„Во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот „Студенчишта“ за кои што треба...
Post Views: 0
Бурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од страна...
Post Views: 1
Драмата „Многу врева за ништо“ е вечерашната претстава на актерите од НУ „Театар Комедија“. Шекспировата комедија напишана во 1598 година се однесува и на времето денес. Станува збор за претстава која бара силна физичка и психичка подготовка на актерите, брза игра и менување на жанровите, кажува режисерот Дејан Пројкоски.
Благодарение на оваа прекрасна екипа успеавме да созададеме една храбра и радикална Шекспирова претстава која се поигрува со жанровите. Започнува со една гротеска, интересна комедија, за потоа да влеземе во трагедија, па пак преку гротеска која...
Post Views: 2
Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа.
„Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства, сметаме...
Post Views: 10
Изградба на пешачка патека и поврзување на градското пристаниште со Канео и Лабино, најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Оваа идеја е прифатена и веќе влегла во владините проекти, а се планира да се гради во две фази. Деновиве се очекува средба со општинските претставници и Министерството за транспорт и врски во врска со овој проект, информира Бакрачески. „ Всушност со иницирање на овој проект и обезбедување средства за изградба на ваква пешачка патека за која во овој момент има поделени мислења. Поголем дел од граѓаните на Охрид одамна бараат изградба...
Post Views: 0
Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори. Немилиот настан се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните 4 и пол метри, па цистерната која била со висина од 3метри и 90 се заплеткала во нив. За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент, но очевидците кажуваат дека сликата била застрашувачка, а во еден момент згаснало целото улично...
Post Views: 1
„Пајаковата“ мрежа од кабли над градов синоќа за момент беше прекината.
Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ успеа да сруши еден електричен столоб од уличното осветлување и два телефонски столбови. Извесно време беше пренасочен и сообраќајот на овие две улици, поради остатоците од електричните столбови кои завршија на коловозот.
За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние.
Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот...
Post Views: 6
Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата.
–На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд...
Post Views: 1
Обуки и прекфалификации за возрани луѓе е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев. Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува сувенирите да се изработуваат на едно опремено место, предлага Ристеска....
Post Views: 2
Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен.
–Досега такво нешто...
Post Views: 3
Ова е резултат од експериментот на физичарите кои докажале дека поединечен фотон соодвествува со Ајнштајновиот закон за брзината на светлината. Имено, пред десетина години научниците открија дека ширењето на оптичките пулсови низ одредени медиуми може да ја надмине брзината на светлината.Подоцна е докажано дека станувало збор за оптичка измама, но и понатаму се веруваше дека поединечен фотон, светлосна единица, би можела да патува побрзо од светлината и тоа ја надополнуваше идејата за можност за патување низ времето.Сепак, физичарот Ду Шенгванг верувал во Алберт Ајнштајн.
Тој...