Ознака: кои

kafule

Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид

Post Views: 2 Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери....

Continue reading

ѕид

Колку е безбедно да се минува под Долни сарај

Post Views: 5 Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај, повторно актуелизирано со најавата за рушење на Мостот на желбите. Покрај тоа што мостот бил дивоградба, опасноста од одрони кои можат да ги повредат минувачите беше исто така експлоатирано како причина повеќе за отстранување на мостот под сарајот. Од Завод и музеј потсетуваат дека  уште пред една година биле потрошени 3мил. и 300 000ден., средства од Министерството со кои се санирале ѕидните јужни платна кон езерскиот брег и скалите. Од оваа национална установа најавија дека од наредната година по се изгледа ќе...

Continue reading

kanalizacija

Лесковчани загрижени за капацитетот на канализационата мрежа која се поставува во местото

Post Views: 0 Зафатите за поставување на долгоочекуваната фекална канализација во Лескоец се влезени во втората и третата фаза од проектот. Со оглед на честите проблеми со канализационата мрежа кои се случуваат во Охрид, жителите на Лескоец загрижени дaли големината на канализационите цевки се соодветни на бројот на жители на ова населено место кое од година во година постојано расте. Од локалната, која се јавува како изработувач на проектната документација, уверуваат дека цевките за фекална канализација во Лескоец се според стандардите кои се налагаат за ваков вид на канализација. Воедно...

Continue reading

Најмногу кафе пијат…

Post Views: 11 Спрема спроведеното истражување, 85% од анкетираните рекле дека пијат најмалку три шољи кафе дневно, а 70% рекле дека нивните работни способности се намалени без редовната доза на кафе. “Најверојатно пиењето кафе е потреба на луѓето во многу професии. Најголемите потрошувачи, кои пијат повеќе од 4 шољи кафе дневно, се оние кои имаат стресни професии, односно новинарите, кои пијат најмногу, следуваат полицајците и наставниците во училиштата”, се наведува во истражувањето која го спровела медиумската куќа Presat, а пренесува Guardian. Љубителите на кафе сепак треба да...

Continue reading

grobishta

Добило или не субвенции ЈП „Градски гробишта“?

Post Views: 0 СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година. „Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата...

Continue reading

Нови проблеми за Malaysia Airlines

Post Views: 5 Авион на Malaysia Airlines, компанија која во последните месеци тешко ја погодија две катастрофални несреќи, морал по полетувањето да се врати на аердромот поради дефект на системот за автоматско управување. Авионот на летот MH198 за Хидербад (Индија) се вратил и без проблеми слетал во Куала Лупмур, четири часа по полетувањето од малезиската престолнина, соопштила авионската компанија. “Дефектот е утврден на Boeing 737-800 и не е загрозена безбедноста на авионот и патниците. Сепак, пилотот одлучил од превентивни причини да се врати назад”, истакнале од  Malaysia Airlines...

Continue reading

crven krst

Црвениот крст од Охрид на мускули ќе го турка проектот „Родителите се наша грижа“

Post Views: 1 Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...

Continue reading

галерија

Слаба посета на Галеријата на икони

Post Views: 6 Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како  Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор  со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј.  Отворени се  за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите  склучат договор за носење  тури...

Continue reading

taksi

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 17 И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат  старите проблеми. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат  ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. –Знаеме за полаките...

Continue reading

Овие броеви му донесле 61 милион евра

Post Views: 2 Најголемата главна добивка на лоаријата Eurojackpot, во износ од 61,2 милиони евра, му припадна на среќен добитник од Финска кој ги погодил бројките 2,9,17,25 и 29, а дополнителните броеви биле 3 и 5, објавено е во саботата. Финска очигледно е најсреќната европска земја бидејќи и досега најголемата добивка на Eurojackpot, во износ од 57,3 милиони евра, ја освоиле десетмина среќници од таа земја кои играле заедно, јавила агенцијата dpa. Лотаријата Eurojackpot се игра во 14 европски земји и тоа во Финска, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија, Германија, Естонија,...

Continue reading

perivlepta

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 2 Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември. –Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети се...

Continue reading

avtobus

Панорамскиот автобус засега вози само холандски туристи

Post Views: 3 Единствениот панорамскиот автобус во градов засега вози  само холандски гости. Туристичките тури  за холандските гости ги организира агенцијата „Ohridholidays“ која го има изнајмено од ЈП Билјанини извори,  во чија сопственост е автобусот.  Оваа година за првпат„Ohridholidays“ се  организатори на туристички разглед  на градот во кои е вклучена понудата превоз со панорамски автобус од хотелите до градскот пристаниште. Тие организираат патување со брод до Св. Нуам, а до пристаништето пристигнуваат со двокатниот автобус. Гостите се задоволни и покажуваат голем интерес да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top