Post Views: 5
Научниците спровеле истражување кое ја потврдило тезата дека здодевноста навистина убива.Имено, испитаниците кои тврделе дека во животот им било здодевно, имале дури 40% повеќе шанси да починат побрзо од оние чијшто живот бил исполнет.
Научниците веруваат дека причина за тоа е фактот што незадоволството од животот се манифестира преку нездрави навики, како што се пушењето и алкохолот, кои знчително го скусуваат животниот век.
Резултатите уште покажале дека на жените им е здодевно повеќе од мажите, а склони кон здодевност се и младите луѓе кои извршуваат сервилни работи....
Post Views: 1
Грција упати протестна нота до македонското Министерство за внатрешни работи заради симболите на “Порта Македонија“, за кои, како што наведува, биле со иредентистичка содржина.Шефицата на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, Александра Пападополу, во нотата која ја упатила до македонското МНР протестирала “поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“.
Официјална Атина предупредува дека ваквите постапки се опасни и претставуваат закана...
Post Views: 6
Пумпната станица „Струга 3“, деновиве претрпе голема хаварија. Два дена оваа пумпа беше вон функција поради оштетување на електроопремата и апаратурата на овој објект заради висок напон. Имено, се работи за објектот во општина Струга кој работи во рамките на МЈП „Проаква“, Р.Е. Колектор. Директорот на овој дел, Ваит Ајро, вината ја лоцира кај ЕВН Скопје. Тој рече дека поради нефункционирање на овој објект постои сериозна закана од еколошка катастрофа на езерото, поради дирекно влевање на големи количини фекалии во него. Ајро додаде дека во денешно време недозволиво...
Post Views: 3
Истражителите на авионски несреќи кои работат на трагичниот случај на летот на AirAsia 8051 потврдиле што открила црната кутија.
Имено, снимките прикажале дека во кокпитот имало бројни аларми додека пилотите се бореле со авионот, а помеѓу другото бил вклучен и алармот кој укажувал на нагло зголемување на висината.
Истражителите ја исклучиле можноста за саботажа, откако ги прегледале податоците од црните кутиии. Индонезијскиот министер за сообраќај Ignasius Jonan рекол дека авионот добивал на висина, неверојатно брзо околу 2000 метри во минута, а потоа нагло паднал и...
Post Views: 1
Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија.
Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста.
Опозицијата смета дека со предложените измени се создава нелојална...
Post Views: 2
Паднаа во вода изјавите на Вицегувернерот на НБ на Р. Македонија Димитар Богов. Имено, пред нецели шест месеци Богов во Охрид, на Меѓународната конференција на ЕФСЕ, изјави дека македонската економија е силна и стабилна и не и треба аранжман на Меѓународниот Монетарен Фонд.
Владата сепак одлучи да склучи договор со ММФ и да земе пари за недај боже. Првите пари од ММФ земјата ќе може да ги повлече од средината на јануари следната година. Кредитната линија за претпазливост според изјавите на претставниците на ММФ е достапна само за земјите-членки на ММФ кои имаат здрави...
Post Views: 1
Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.
Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември годинава.
Целосната листа можете да ја видите на овој линк.
Post Views: 6
„Како да ги исперете фармерките? Дајте и ги на жената. Тоа е нејзина работа!“Ова се зборовите кои се нашле на една етикета на фармерки од британската модна куќа „Madhouse“.
Сексистичката порака на упатсвото за перење на фармерките, се судрила со бројни негодувања од страна на светските корисници на социјалната мрежа Твитер, особено зато што фирмата на овој начин сакала да дојде до бесплатна реклама.
Меѓутоа, има и такви за кои овој потег претставува добра шеговита досетка, која е интересна за припадниците на двата пола.
Но ова не е прв пат компанијата да прави вакви...
Post Views: 8
На конкурсот за организирање на оваа манифестација, која годинава се одржува по деветти пат, се пријавиле повеќе градови и општини, меѓу кои, Кочани, Крушево, Крива Паланка, Тетово, Струмица, општина Чаир, Ресен, Неготино и Битола. Стручната комисија на Министерството за култура донесе одлука Кочани да биде годинашниот организатор на “Град на културата“.Како што соопшти Министерството за култура, проектот на Општина Кочани содржи конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата. Во рамки на манифестацијата, анимирани се сите установи...
Post Views: 8
„Св. Богородица Пречиста“, одбележана во Струга. Во непосредна близина на „Женска плажа“ каде што неодамна при ископ за билборд назреа темелите на некогашната Црква Св. Богородица Пречиста, се одржа света литургија. И годинава традиционално, на посната трпеза по повод празникот се најде проскура, пченица и вино. Претседателот на „Наша Струга“, Др. Јосиф Беле, истакна дека одбележувањето на овој верски празник од година во година е се помасовен и оти стружани се покажаа како големи верници.
Претседателот на „Наша Струга“ верува дека до година на ова место стружани ќе...
Post Views: 0
Слаткото од охридски цреши ќе им се нуди како сувенир на туристите. Убаво спакувано во мали теглички со убав дизајн во кои ќе има по неколку цреши, ќе биде слатко задоволство за гостите кои ќе го посетат градов. Ова е убава замисла на професори од земјоделскиот факултет. Охридската цреша која има прекрасен вкус и која зрее подоцна од останатите и е специфична по многу нешта мора да се брендира и да стане препознатлив производ за Охрид, вели Др Илија Цанев од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Традиционалното производство ние мораме да го зачуваме во Македонија....
Post Views: 10
Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост.
Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во...