Post Views: 2
Дали најрепрезентативниот остаток од поранешните мочуришта, Студенчишкото Блато, ќе биде споменик на природата? Интензивно се работи на изнаоѓање најдобро решение за заштита на и онака малиот преостанат дел од блатото, кој е од мошне голема важност, како еден природен раритет и составен дел на Охридското Езеро. Студијата за заштита на Студенчишкото Блато, за која охридските советници на последната седница дадоа зелено светло е основна база за понатамошен пристап кон негова ревитализација, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам. Тој додава дека ова...
Post Views: 0
Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.
„Добро е што конечно локалниот еколошки акционен план е изработен и истиот е ставен на седница на совет“, вели советникот Дејан Пановски, човекот кој во 2008 год. лобираше за да се изработи ваков план.
Локалниот еколошки акционен план е документ кој општината треба да го искористи најмногу, за да ги промовира...
Post Views: 0
Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и промени на дограмата, како...
Post Views: 1
Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект.
„Во континуитет се соочуваме...
Post Views: 1
Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај.
„Проблемот е многу...
Post Views: 1
Заштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот...
Post Views: 7
Закон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество.
Најмладите од Охрид покажаа како треба против дискриминацијата. Во согласност со Акциониот план „Заедно против дискриминација“, Општина Охрид и Црвениот Крст, на градскиот плоштад организираа културно уметничка манифестација. Ова е само мал обид во запознавањето на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација...
Post Views: 6
Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај, собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата се дел од реализираните активности на одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Во одобројување на деновите од оваа календарска година тие се задоволни од планираните и реализираните проекти. Со буџет од 3 милиони денари годинава успеаа да спроведат низа акции и да ги одбележат сите позначајни датуми поврзани...
Post Views: 0
Охрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.Повреда на авторските права забележана...
Post Views: 0
ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно...
Post Views: 2
Традиционална есенска средба 65 по ред на правниците во Охрид. Тема на средбата е остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Правниците дискутираат на повеќе пошироки теми од судската практика и поисцрпно ги проучуваа прашањата од судската практика и теоријата.
„ Овој пат сметаме дека се актуелни работните односи што вклучуваат неколку теми актуелни во праксата, како најниската плата па ги поканавме и работодавачите и претставниците на синдикатот. Утре имаме разгледување на сите форми на заштита и мобинг...
Post Views: 65
Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски.
„После презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна...