Ознака: заштита

sportski igri

Спортски ден во Охрид

Post Views: 2 „Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“, е мотото на Спорските игри кои денеска се одржаа во Охрид.  Спортскиот ден ги обедини основците и средношколците од општина Охрид и Дебрца.  Децата се натпреваруваа во дисциплините атлестки трки, одбојка, шах и пинг понг. Спортскиот ден е во организација на сојуз на училиштен спорт и локалната самоуправа. Благодарение на заложбите на овој тим, изминативе три месеци функционираше и училишна лига во мал фудбал во која учествуваа основните и средните училишта за што имаше и голем публицитет во јавноста. „Денеска имаме...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

arijan meroli

УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспанскиот регион

Post Views: 4 УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион.  Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити. Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека со прогласувањето на биосферен резерват Охрид...

Continue reading

знак

За мирна старост поголема полициска заштита

Post Views: 1 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и...

Continue reading

maticen kancelarija

Матичен лекар кога ќе ти притреба

Post Views: 14 Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен. „Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави...

Continue reading

Biljanini izvori

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 8 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во...

Continue reading

ezero

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Post Views: 1 Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд. „Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај...

Continue reading

Mini ezero

Од езерото извадени 19 тони мини

Post Views: 8  Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција. „Чувството...

Continue reading

kej

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 5  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...

Continue reading

opshtina

Локалната реагира:Кој стопанисува тој нека чисти

Post Views: 10 Локалната со реакција за изјавите на државниот секретар на Министерството за  животна средина, Соња Лепиткова во врска одржувањето на каналот Студенчишта. Во неа стои:„Со Охридското Езеро и крајбрежието стопанисува државата и нејзините надлежни органи , па логично е тие да се гржат за неговата заштита.Тоа треба да го знае државниот секретар на Министерството за  животна средина  Соња Лепиткова, која во вчерашната изјава побара локалната самоуправа  да го чисти езерото, наместо  тоа да го побара во нејзиното министерство и во Владата. Градоначалникот Александар Петрески...

Continue reading

opfat Riviera

За Табана и Ривиера се огласи Управата за заштита на културно наследство

Post Views: 7 Од Управата  за заштита на културното наследство пристигна известување за нивните ставови за  постапката за донесување на Деталните урбанистички планови за Табана и Ривиера, кои се на дневен ред на седницата на Совет во среда. Во известувањето потпишано од директорот Паско Кузман стои : во текот на изработката на двата  детални урбанистички планови на барање од Општина Охрид , Управата во 2008 година дала свое мислење по предметните планови  за Табана и Ривиера. Во нив имало повеќе забелешки за вграденоста на заштитно- конзерваторските основи во нацрт плановите. Досега...

Continue reading

kuka

Започна изградбата на куќата на Ајри Доко

Post Views: 0 Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска. „Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top