Ознака: заштита

prostorsdsm

Здружената опозиција Охрид, побара ТВ дуели

Post Views: 6 ВМРО – ДПМНЕ најмалку може да зборува за културно наследство во Охрид, изјави Дејан Блажески, кандидатот за советник од „Сојузот за иднината“. Тој нагласи дека Заводот за заштита на културни споменици, за жал на охриѓани, наместо да вработува археолози во моментов бил претворен во архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ кои им служат во текот на изборната кампања. „ До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?! Кога ќе биде вратен во нормална...

Continue reading

pristaniste

Петрески:„ВМРО ДПМНЕ во овој град нема дела“

Post Views: 0  Судот на ѓраѓаните ќе ги стигне“, рече денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески. Тој на прессот кој го одржа на кејот кажа дека ВМРО ДПМНЕ продолжува да ја води кампањата со аматерски грешки, а пресс конференциите ги прави на погрешни адреси.  Тој посочи дека Бакрачески денеска наместо од градското пристаниште требало да се обрати од пред  Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.  Според Петрски наместо да ветуваат лажни проекти,  или пак на празно да критикуваат, од ВМРО ДПМНЕ...

Continue reading

биосфера

Биосферниот резерват Охрид- Преспа влегува во процес за заштита под Унеско

Post Views: 0 Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро истакна дека во интерес на биосферниот резерват е  заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за развој на целиот регион. „ Во таа насока ќе продолжиме заедно со активнсотите за номинација и зонирање на биосферниот резерват со зони каде што ќе може да се развива урбаниот сегмент, активно да се управува...

Continue reading

brana slatinsko ezero

Слатинското езеро ќе се спасува со употреба на механизација

Post Views: 26 Слатинската брана четврти ден одолева на силата на водата. Ситуацијата уште повеќе ја усложнуваат и обилните врнежи кои паѓаа изминативе два дена. Состојбата со Слатинското езеро засега останува непроменета. Како што информираат од Центарот за управување со кризи од Охрид, сеуште постојат сериозни оштетувања и сеуште низ телото на браната продира вода. Поради критичната состојба, не само со Слатинското езеро, туку и во повеќе градови низ државава кои беа погодени со поројни дождови, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ги свика на итен состанок членовите...

Continue reading

cinar skrsena granka

Скршената гранка од Чинарот сеуште никој не ја крева

Post Views: 0 Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...

Continue reading

Plaoshnik

Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

Post Views: 8 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство. „Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...

Continue reading

blato vlez

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Post Views: 6 Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...

Continue reading

gradinka decinja

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 2 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита. „Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...

Continue reading

trska

Трската ќе се сечи, само ако мора

Post Views: 1 „Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита“, е проектот изработен од хидробилошкиот институт, а финансиран од локалната. Трката е живеалиште, место за мрест на риби  и место за гнездење на птици. Таа преставува природен биофилтер на водата од загадувачките материи, вели д-р Марина Талеска, еден од изработувачите на проектот. Доколку има потреба од сечење на трската зафатот ќе може да се направи исклучиво со амин од ресорните министерства, хидробилошкиот...

Continue reading

Dejan Panoski

Билатеријалниот секретаријат има конкретни планови за 2013 год.

Post Views: 0 Три големи проекти кои што се однесуваат на интересите на Охрид и регионот ќе треба да се имплементираат во 2013 год. Претставникот на билатералниот секретаријат Дејан Пановски открива на што ќе се фокусира секретаријатот годинава. „На крајот од 2012 год. Завршивме три успешни проекти кои што претходно долг период ги водевме и за кои лобиравме. Едниот е прогласување на биосферен резерват Охрид – Преска кој што во следниов период ќе си земе замаф по изготвување на апликацијата, Вториот е проектот кој конкретно ќе треба да го изведиме за студенчишкото блато за негова...

Continue reading

Planovi Tabana i Kej

Паскали Бунташеска: Советот даде зелено светло за незаконски планови

Post Views: 8 Дел од одлуките за кои денес советот даде зелено светло, на нозе ја кренаа управата за заштита на културно наследство, поточно Завод и музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска на итен пресс образложи зошто оваа установа не прифаќа нацрт плановите за две многу значајни урбани заедници,  Урбана заедница 1 блок 1, точка 1 опфат  Табана и Урбана заедница 2 блок, брок 2 точка 1 опфат Кеј, советниците дадоа позитивно мислење.Паскали Бунташеска појасни дека за планирање на овие два простори Националната уставова Завод и Музеј Охрид уште во 2008 год.  изработила заштитно...

Continue reading

cinar Ohrid

Скршената гранка од Чинарот, сеуште лежи до стеблото

Post Views: 4 Дрвото кое е заштитен споменик на природата се рапаѓа пред очите на институциите. По инциндентот вчера кога поголема гранка се скрши, сеуште никој не ја превзема одговорноста истата да ја отстрани, а дрвото заштити од понатамошно уништување. Градоначалникот Александар Петрески вели дека управата за заштита на животната средина мора посериозно да пристапи кон реставрација на Чинарот затоа што ова дрво е  заштитен споменик на природата.   „Јас пред се мислам дека тоа е поради недоволна грижа и заштита на тие што треба да го штитат чинарот, а секако и ние како охриѓани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top