Ознака: заштита

ssm

Во синдикатот побројни вработените од јавните претпријатија

Post Views: 0 Претседателот на Сојузот  на синдикати на Македонија, Живко Митрески  во посета на охридскиот регионален синдикат. Првите синдикалци остварија средби  со синдикалните организации во неколку приватни и јавни претпријатија во градот. Со посетата ќе се анализараат   спроведувањето на Законот за минимална плата, степенот на синдикална организираност, а ќе се  утврдуваат и потребите за формирање на локален економски социјален совет, информира  Митрески. Законот за минимална плата почна да ги дава ефектите  и да се почитува освен во мал број приватни претпријатија, посочува...

Continue reading

vakcini

Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Post Views: 2 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...

Continue reading

Ribar

Македонија, Грција и Албанија – за заштита на Преспа

Post Views: 2 Министрите за животна средина и просторно планирање на Македонија, Грција и Албанија, Неџати Јакупи, Константина Бирбили и Фатмир Медиу денеска во Пили на грчкиот дел од Преспа, ќе го потпишат трилатералниот Договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот ќе биде потпишан и од претставник на Европската комисија за животна средина. Со Договорот, по грчка иницјатива, се очекува да се уредат обврските за заштита и управување со Преспанскиот регион. Оваа вест е преземена од:http://www.makdenes.org {loadposition content9}

Continue reading

diskriminacija

Институциите во борба против дискриминацијата

Post Views: 8 Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“. Спасов...

Continue reading

ljubanishta

Најавените археолошки истражувања во „Љубанишко поле“ нема да значат одлагање на проектот на Субрата

Post Views: 2 Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот. Директорот на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска не информира дека сеуште се чека од Министерството за култура да одобрат средста а дури потоа да се обезбеди дозвола од Заводот за заштита на спомениците на културата за археолошки истражувања. Бунташеска додава дека за да се направат заштитно конзерваторски основи, неопходно е двата евидентирани локалитети Раица Манастириште...

Continue reading

ruralna sredina

Социјални работници во обиколка на руралните средини во Охрид и Дебрца

Post Views: 1 Грижата на државата ќе ја почувствува и населението од руралните средини во Охрид.Започна проектот „Отворени денови за социјална заштита“. Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од Центарот за социјална работа од Охрид, ќе одат во посета на населените рурални средини на подрачјето на општина Охрид и Дебрца, со цел да ги детектираат, превенираат и да го спречат настанувањето на социјални ризици, како и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права од областа на социјалната заштита. Првиот човек на Центарот за социјална...

Continue reading

plostad

Ќе се направи малиот плоштад кај некогашната библиотека

Post Views: 2 Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори. Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од...

Continue reading

ezero

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Post Views: 3 Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата...

Continue reading

galicica

Опасност од пожари

Post Views: 5 Одговорно однесување на граѓаните кои го посетуваат НП „Галичица“, предупредуваат надлежните од паркот. Поради високите температури но и според Законот за шуми никогаш не е на одмет да се нагласи дека, забрането е палење на оган на отворен простор но и секакви дејствија и активности кои можат да доведат до појава на пожар, апелира Наумче Новески, одговорниот за заштита од пожари. „Овој период ние сме во фаза еден, еден тоа е највисоката фаза што значи еден опасност за појава на пожари и прва категорија на мобилност, што значи дека лесно може да се појават пожари а од...

Continue reading

pasko

Уапсен археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба

Post Views: 8 Рано утрово, во Скопје е упасен археологот Паско Кузман. Тој во претпладневните часови бил спорведен во Кривичниот суд. Портпаролот на МВР, ИВО Котески, за ТВМ  ја потврди оваа информација. Органите на прогонот го теретат  Кузман  за злоупотреба на службената положба.  Главна вест на првите страни на сите медуими  е денешното апсење  на првиот човек на Управата. Покрај него се уапсени уште тројца вработени во истата управа. Во соопштението на МВР стои дека „ пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање...

Continue reading

Popova Sapka

Тренинг-вежба на силите за заштита и спасување на планина

Post Views: 6 Дирекцијата за заштита и спасување од среда до недела организира тренинг вежба на силите за заштита и спасување на планина „Попова Шапка  09“. На вежбата, што ќе се одржи на падините на Шар Планина, ќе учествуваат 40 припадници на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово и Битола.Целта на вежбата е запознавање со основите на техниките на движење во зимски услови, тактика на спасување од лавини, процедурите при употреба на тимовите за брз одговор и санирање на последиците и укажување на прва медицинска помош. {loadposition content9}

Continue reading

Samoilovi nokje

НУ „Завод и музеј“: Голем дел од културно-историските споменици во градов несоодветно осветлени

Post Views: 4 Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација. Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top