Ознака: заштита

fzom

Само 45% од невработените се пререгистрирале за здравствено осигурување

Post Views: 4 Во тек е пререгистрацијата на невработени во Охрид. Во општинава има околу 5500 невработени носители на право на здравствена заштита или заедно со осигурениците на нивно име тоа е околу 10 000. Досега над 2400 илјади или 45% од осигурениците од Охрид извршиле пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување. Рокот изминува на 31 март. 6000 илјади осигуреници можат да останат без здравствено осигурување доколку не извршат пререгистрација во тој рок, предупредува првиот човек на Фондот Славе Крстаноски. „Морам да кажам дека одзивот е прилично слаб на ниво на Македонија,...

Continue reading

sdsm

Локалната ветува, но не остварува-СДСМ

Post Views: 3 Продолжува серијата прес конференции на ОО на СДСМ на кои тема е отчетот за сработеното на градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе продолжиме со презентацијата на нереализираните проекти, велат од СДСМ. Во програмата за детска заштита, Христина Гогоска раководителот на Центарот за комуникации,го потенцира проектот за работа на детската градника во две смени. Во делот за култура, избришани биле ставките, поддршка на естрадни уметници и меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Гогоска потсети дека охридскиот народен театар 7 месеци нема поставено претстава....

Continue reading

nurkaci

На местото каде што треба да никне градскат марина, сеуште потенцијална опасност од неексплодирани мини

Post Views: 4 Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот. Сепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи. „Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за основен...

Continue reading

fabrika

Комплетна еколошка документација до крај на овој месец

Post Views: 10 Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата. Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции. Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите...

Continue reading

planinari

За поздраво срце, планинарење на Галичица

Post Views: 10 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној. Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски...

Continue reading

палас

Палас може да се менува

Post Views: 7 Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката. Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...

Continue reading

nadzor

Банките со нови мерки за заштита од крадци

Post Views: 11 Софистицирани камери, нови алармни уреди и поголем број агенти за обезбедување ангажираат банките по серијата криминални упади и празнење на банкарските каси. Уни банка, откако улични банди и ги испразнија експозитурите во Мавровка и Скопјанка, од денска има ангажирано по двајца агенти кои стојат пред банката и на располагање имаат возило. Камерите снимаат со поголема резолуција за да може полесно да се идентификуваат крадците. Затоа што криминалците користат маски тешко се препознаваат на снимките, но нападите им ги олеснуваат и агентите кои не смеат да користат оружје,...

Continue reading

opstina ohrid

Локална:За 8 год. на власт во Охрид СДСМ не почуствуваа потреба за заштита на блатото

Post Views: 0 Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една  безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид.-реагираат од Локалната самоуправа. „За прв пат после повеќе децениско уништување на Студенчишкото блато, неговото претворање во депонија за градежен...

Continue reading

pushenje

Угостителите за варијантата пушачи/непушачи

Post Views: 0 Угостителските објекти со површина поголема од 80 метри квадратни да имаат два дела – за пушачи и непушачи, а сопствениците на помалите сами да одлучат каков ќе биде објектот, дали пушачки или не Ова е еден од еден од предлозите на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија што беше соопштен денеска на седница. Предлогот не е конечен и допрва ќе се прецизира доколку има дополнителни сигестии од членовите на Здружението. Потоа ќе биде доставен до Владата. – Законот за заштита од пушење што се применува веќе три месеци директно...

Continue reading

еко патрола

Eко патроли во ОУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 5   Во ОУ„Св.Климент Охридски„ со почетокот на второто полугодие започна и конституирањето на еко патролите во училиштето. Во првото полугодие била направена анализа за свеста кај учениците за фрлањето отпад на несоодветно место, со што било констатирано дека корпите за отпад од страна на учениците не се користат според целите предвидени во планот за работа на училиштето. Поради тоа во училиштето започнаа со работа Еко патролите кои ги сочинуваат ученици од II-VIII одделение. „Нивната задача и цел е да се подигне свеста за природата и чистотата на училиштето, а со тоа...

Continue reading

priracnik

Охрид ставен во Прирачникот на ООН

Post Views: 17 Охридското Езеро се најде во луксузниот прирачник за имплементација на светската конвенција за прекугранични води. Со тоа му се дава посебно значење на Охрид од страна на Светската заедница која што е концентрирана на управувањето со прекуграничните води. Според Дејан Паноски од Билатералниот Секретаријат Светската заедница дава до знаење дека е сензибилизирана и знае што се случува со охридско – преспанскиот регион, а воедно ги знае и потребите за заштита на квалитетот на водата и заштита на целиот слив на овој регион. Додава дека проблемите околу заштитата на Охридското...

Continue reading

karticki

Купувачите плачат од трговски финти

Post Views: 0 Освен на услугите на банките, граѓаните се жалат и на јавните услуги од областа на енергетиката и телекомуникациите, како и на неисправна техничка стока, велат од Организацијата на потрошувачи Една голема банка, без налог и известување, на граѓанин му одзела 1.400 денари од трансакциската сметка, за кредитна картичка што тој и не знаел дека ја има. Граѓанинот претходно аплицирал за кредитна картичка, но од банката не добил известување дали барањето му е прифатено. Дека има таква картичка граѓанинот дознал дури по неколку месеци, откако банката му зела пари од трансакциската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top