Post Views: 6
Овие се ефектите кои се добиваат, доколку се произведува и конзумира органска храна.
За жал кај нас нема таква навика. Поради тоа, Локалната агенција за Равој од Струга, во соработка со нивни колеги од Поградец, изготвија проект, преку кој ќе ја подигаат јавната свест.
Охридско струшкиот регион има многу добри услови за производство на органска храна но не се доволно искористени. Освен тоа, локалното население за жал многу малку е информирано за предностите доколку конзумираат здрава – органска храна. Во маркетите ваквите производи се во мал број, а во менито...
Post Views: 1
Заштитата на животната средина треба да биде култура на живеење. За ова се залага здружението на граѓани ОХО, кое 11 години работи на имплементација на оваа програма во воспитно образовниот процес на Р Македонија. Годинава во нивните програми се вклучува и Министерството за образование и наука. Деновиве во Охрид се одржува работилница наменета за директори на градинки, основни и средни училишта со цел да ги презентираат новите состојби на ова поле. Советникот од МОН, Љупчо Спасовски вели дека ваквите напори имаат една заедничка цел, за три години сите училишта на државно...
Post Views: 1
Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“.
Презентацијата ќе се одржи на Попова Шапка, а настанот ќе го отвори специјалниот претставник на Европската унија во Македонија Ерван Фуере.
Обраќање, како што е најавено, ќе има и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Македонија Дирдра Бојд, а на настанот ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
По...
Post Views: 4
Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина.
Македонија треба да го подигне нивото на админитстративни капацитети за управување со животна средина без разлика дали е на национално или локално ниво, стои во извештајот на Европската унија, во делот за животна средина.
„Извештајот е реален и отсликува се што моментално влијае на неа. Во него највпечатливи...
Post Views: 0
Хотелите, рестораните и сендвичарите, покрај индустриските објекти ќе треба да изготвуваат Елаборати за заштита на животната средина. Ова стои во најновата уредба за дејности кои подлежат на изготвување на Елаборат за оцена на животната средина, а врз основа на Законот за животната средина. Со оваа законска новина не се запознаени голем број угостители иако велат дека ја поздравуваат. Досега, на пример, со прегореното масло од фритезите, угостителите се справувале секој на свој начин. Љупчо Патче вели дека тој подолго време се грижел тоа да не заврши во канализација.
„Го...
Post Views: 6
Уште една во редот тажни животни стории. Самохраната мајка, Тодорка Илоска својот 10 годишен син го расте со 1700 ден. социјална помош.
Тодорка Илоска, на возраст од 41год. со својата животна сторија, е уште еден пример за суровата страна на живеењето.
„Како дете израснав само со мајка ми, бидејќи моите родители беа разведени, ја започнува таа својата приказна. Изгорена од тоа лошо искуство, најмалку посакував на моето дете да му се повтори истата судбина. Меѓутоа животот и судбината не одат според нашите желби“, вели таа.
Текот на нештата допринесоа, таткото на моето...
Post Views: 1
Агонијата на Марјан Котески трае веќе пет години. Неговата животна приказна го приморала да тропне и на вратите од Премиерот Груевски и до повеќе други министерства.
Во нашата редакција со надеж за помош, денеска се обрати Г-динот Марјан Котески- вработен во ПШС Галичица.
„Мојата голгота започна на 2ри март 2004год. По пет години малтретирање, деградирање и шиканирање од страна на мојот раководител Илија Дуклески, сега сум половина човек со нарушено психичко и физичко здравје. Последното мое преместување во Ресен дополнително ја влоши мојата состојба, а и односите...
Post Views: 16
Македонија ќе ги подржи заложбите на република Албанија за ставање на албанскиот дел од Охридското езеро под заштита на УНЕСКО.
Република Албанија ќе бара од УНЕСКО да го стави под своја заштита и албанскиот дел од Охридското езеро. „ Со тоа, смета албанскиот министер за животна средина“ , Љуфтер Џувели, „ ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита и управување со ова природно богатство“ .
„За ваквата иницијатива, албанското министерство за животна средина има целосна подршка од РМ“, рече Министерот за животна средина на РМ, д- р неџати Јакупи- министер за животна средина...
Post Views: 7
Се одржа првата средба организирана од страна на прекуграничниот Форум за животна средина. Учествуваа претставници на Јавната установа Национален парк Галичица и нивните колеги од Преспа- Албанија. Присуствуваа и претставници на локалните заедници од населените места во границите на парковите и од невладини организации од Р. Албанија. Целта на средбата е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу двата национални паркови и локалните заедици. При тоа да се интензивира и прекуграничната соработка во однос на заштитата на природата и одржливиот развој.
Средбата...
Post Views: 9
Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање
Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова денес официјално беше потврдено на пресс конференцијата на ВМРО ДПМНЕ. Паноски отсега па натаму ќе работи како Државен советник за води со седиште во Охрид, вели пратеникот Владо Стефаноски.
Паноски, кој функцијата Државен секретар ја извршуваше повеќе од една година ни потврди дека се враќа во Охрид. Новото работно...