Ознака: ziteli

ul. Cedo Filiposki

Жителите од улицата “Чедо Филипоски“ години наназад чекаат на асфалтирање на истата

Post Views: 2 И во летниот период, за да поминат по неа си носат чизми. Тие се оптимисти дека во проектот за асфалтирање на улиците е вклучена и нивната. Улицата „Чедо Филипоски“ во Струга е целосно уништена. Освен што има дупки на целиот дел од улицата, жителите се соочуваат и со друг проблем. “Чедо Филипоски“ е поплавена со вода.  И при дождливо време и при сончево, состојбата е иста, поради  шахтите кои се поставени на повисоко ниво од асфалтот,  улицата плива во вода. Иако таа се наоѓа речиси во центарот на градот сепак, надлежните досега немаат превземано мерки за нејзина санација....

Continue reading

Haiti

Жителите на Хаити во паника поради опасност од цунами

Post Views: 1 Илјадници преживеани на Хаити во текот на ноќта панично се искачуваа на повисоките населби во главниот град, поради гласините дека цунами ќе го погоди островот по разорниот земјотрес. Луѓето пеш или со своите автомобили се упатија кон населбата Кенскоф, на брдото Петионвила. Носејќи го најнеопходното со себе, жителите на разурнатиот град Порт о Пренс се пробиваа низ тесните улици само за да стигнат до населбите што се наоѓаат на повисоките делови. Иако немаше ниту еден доказ дека цунами ќе го погоди главниот град, луѓето поради гласините  се искачуваа на повисоко за...

Continue reading

Indija i Kina

Индија околу 2025 година ќе стане побројна од Кина

Post Views: 2 Според прогнози на Федералното биро за пребројување на населението, околу 2025 година најгусто населена земја во светот ќе биде Индија, пренесоа светските агенции. Според американски експерти кон 2025 година населението на Кина ќе почне да се намалува. Според оценки на бирото, во Кина врвот на бројноста на населението ќе се достигне во 2026 година и ќе биде под 1,4 милијарда лица. Претходно се претпоставуваше дека ова ниво ќе биде повисоко. Според американски експерти, сегашната динамика се објаснува, пред се, со падот на таканаречениот коефициент на плодност или очекуваниот...

Continue reading

Grenland

Над 75 % од жителите на Гренланд се за поширока автономија

Post Views: 3 Повеќе од 75 проценти од жителите на Гренланд вчера гласаа за поширока автономија, со што се отвори можност за независност од Данаска. „За“ поширока автономија се изјасниле 75,54 проценти од гласачите, а „против“ биле 23,57 отсто. За неважечки ливчиња прогласени се 0,89 проценти. Излезноста на референдумот била 71,96 отсто, што во споредба со референдумот од 1979 година е поголема, кога жителите на Гренланд што гласаа за автономија беше 63,2 проценти. Право на глас имаа околу 39.000 луѓе од 80 населени места.Пошироката автономија за Гренланд значи право да располагаат...

Continue reading

seca na Jablanica

Протест на жителите од Бороец и Јабланица

Post Views: 1 Протести во Бороец. Месните заедници од ова село но и од Јабланица реагираат поради неконстролираното и немилосрдно сечење на шумата на планината Jабланица. Се сечи и берe се што ќе се стигне, поради тоа бараме од одговорните да ни пуштат експерти и да ни кажат што уште се планира да се направи“, вели претседателот на месната заедница од Бороец, Ружди Исмаиловски. „ Имавме средба со директорот на Македонски шуми и тој ни кажа дека ќе го берат и реонот над селото. Ги браниме изворите од Еленов рид и Петров камен, од каде добиваме вода за пиење“, додава претседателт на...

Continue reading

tabla

Жителите од Орман се плашат за своите животи

Post Views: 0 Местото викано Блато, кое е дел од ловиштето Косел, е во непосредна близина. Ловиштето е под Концесија речиси 10 години, велет од здружението на ловци.   Жителите од Орман се жалат дека додека тие работат во полињата, ловците ловат фазани. Велат, додека ние ги извршуваме секојденевните обврски, до нас слушаме како свират куршуми. „Се плашиме за нашите животи“, вели нашиот соговорник, во име на сите кои одбиваат да излезат пред камерата на ТВМ. Во интерес на вистината ТВ М контактираше со здружението на ловци од Охрид. Целакоски Зоран, вели дека здружението на ловци...

Continue reading

ulica

Жителите од улицата Петар Поп Арсов немаат прописен ни влез ни излез

Post Views: 9 Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови. За да дојдат до своите домови жителите веќе  25 години поминуваат   низ бројни препреки. Костадин Стеваноски вели немаме  прописен ни влез ни излез, па со возилата влегуваме  по Булевар Туристичка, а нема жител од улицата кој при тоа не заработил казна. Разминувања на две  возила на улицата е невозможно, при тоа безбедноста  на пешаците е доведена во опасност.  Мете Мавмудоски, исто така  жител на оваа улица револтиран е на своите соседи...

Continue reading

Leskoec

Конечно ќе се реши проблемот на жителите на селото Лескоец

Post Views: 86 Жителите на селото Лескоец сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека работите ќе ги преземе во свои раце па за една недела ќе се реши проблемот.Лесковчани негодуваат, сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top