Ознака: vlada

Nikola Gruevski

Ремонт на владата

Post Views: 9 Парламентот вечерва нешто по полноќ избра тројца нови министри и двајца вицепремиери, по смената и оставките на првите луѓе во секторите за финансии, образование, земјоделство, економски прашања и евроинтеграции. Собранието, по речиси петчасовна дебата, со гласовите на парламентарното мнозинство избра вицепремиери за евроинтеграција и за економски прашања, и министри за финансии, образование и земјоделство. Нов вицепремиер за евроинтеграции е Васко Наумовски, додека нов вицепремиер за економија е Владимир Пешевски. Нов министер за финансии е досегашниот вицепремиерза...

Continue reading

sobranie

Парламентот расправа за реконструкцијата на влдата

Post Views: 3 Македонското собрание денеска се очекува да расправа за изборот на нови министри, по оставката на првите луѓе во секторите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство. На собраниската седница закажана за 11 часот се предлозите за избор на министри, именување на заменици министри, како и разрешување на член во Владата на премиерот Никола Груевски. Според најавите, нов министер за финансии и потпретседател на Влада треба да биде Зоран Ставревски. За нов вицепремиер за економија е предложен Владимир Пешевски, а ресорот евроинтеграции ќе го води Васко Наумовски. Ресорот...

Continue reading

logo

Меморандум за е-влада

Post Views: 0 Mеморандум за разбирање и соработка денеска треба да потпишат македонското министерство за информатичко општество и УСАИД. Со потпишувањето на документот треба да се создадат услови за ефектно спроведување на Проектот е – Влада, се наведува во соопштението. Меморандумот треба да помогне и во соработката за прашањата релевантни за воспоставување на опкружување кое ќе обезбеди стабилен, конзистентен, планиран, ефикасен и стручен процес на развој на електронските комуникации во Македонија.   {loadposition content9}

Continue reading

stecajci

Протести на стечајците пред владата

Post Views: 1 Тие бараат по итна постапка на дневен ред на парламентот да се најде иницијативата за донесување измени на Законот за материјално обезбедување на стечајните работници со работен стаж помал од 25 години до нивното пензионирање или ново вработување. Стечајците не ја исклучија можноста да постават шатори пред владата во кои ќе штрајкуваат до денот на решавање на нивниот проблем. {loadposition content9}

Continue reading

vlada

Владата денес ќе информира за вработувањата

Post Views: 3 Владата денеска ќе информира за измената на Оперативниот план за активни програми и мерките за вработување за 2009 година. Поединостите ќе бидат соопштени на прес конференција, закажана за напладне. На пресот, како што е најавено, ќе говорат заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.   {loadposition content9}

Continue reading

Лирџет

Лирџетот на Владата повторно лета

Post Views: 4 Владиниот авион „Лирџет“, поради чиј дефект премиерот Никола Груевски минатата недела не можеше да слета во Париз, од денеска пак ќе може да лета. Според информациите, дефектот во компјутерскиот систем е поправен и тој ќе се врати од Брисел во Скопје. Поправката на авионот, на кој последниве четири години му се случија повеќе дефекти, е извршена во Брисел од страна на овластени сервисери на американскиот производител на авионот.                 {loadposition content9}

Continue reading

najnov sostav vlada

Состанок во Владата за создавање услови за побрз проток на стоки на граничните премини

Post Views: 8 Создавање услови за побрз проток на стоките преку граничните премини, како една од мерките за подобрување на бизнис климата, е целта на средбата, најавена за денеска попладне во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески со  ресорни министри и претставници на надлежни институции. На средбата ќе се разгледуваат состојбите и ќе се предлагаат мерки за скратување на времето и трошоците при минување на стоките преку граничните премини, соопшти владината служба за информирање. Покрај ресорните министри и други претставници на Владата, на работниот состанок...

Continue reading

Vlada

Реализирани над 90 отсто од плановите на Владата за првите сто дена

Post Views: 3 Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните. Остварени се планираните 183 проекти и мерки и дополнителни 11 проекти, а се интензивирани и претходно почнатите активности за реформи во многу области, истакна во денешното обраќање  премиерот Никола Груевски, кој направи пресек на исполнетите владини ветувања од формирањето на владинот кабинет пред сто дена.  Премиерот истакна оти во изминатите 100 дена Владата работела секојдевно и посветено на решавање на проблемите на граѓаните и на развој на државата и порача дека...

Continue reading

Aleksandra Papadopulu

Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи

Post Views: 8 Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу. Таа реплицираше на прашањата на новинарите, по денешната прес конференција на заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, на која тој ги осуди вчерашните извици на грчките специјалци за време на воената парада во Солун. „МНР смета дека ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон Македонија е во директна спротивност со јавните заложби на државниот врв на Грција за добрососедство“, изјави заменик министерот за надворешни...

Continue reading

Vlada RM

Проект на владата на Р.М. „Ден на идеи“

Post Views: 1 Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“. Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните на Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на...

Continue reading

Kirgistan

Опозицијата во Киргистан формира преодна влада, претседателот во бегство

Post Views: 0 Опозицијата во поранешната советска република Киргистан утринава соопшти дека под нејзина контрола е најголемиот дел од територијата на земјата и вооружените сили и пограничните единици. Опозицијата формирала и преодна влада на чело со Роза Отунбајева која утринава соопшти дека по вчерашните крвави протести, претседателот на државата Курбанбек Бакијев е во бегство и најверојатно се наоѓа во неговиот роден крај во регионот Џалалабад. Таа изрази подготвеност за преговори со Бакијев со цел тој мирно да се откаже од власта. Во судирите во главниот град Бушкек според различни...

Continue reading

Balkenende

Кавгата ја растури холандската влада

Post Views: 2 Холандската влада на премиерот Јан Петер Балкененде се распадна поради повеќемесечниот спор околу ангажманот на холандксите војници во Авганистан. Маратонските ноќешни разговори не донесоа никакво решение, соопшти холандскиот премиер. „Кралицата Беатрикс во текот на денов треба да ги прими оставките на министрите и државните секретари на Социјалдемократската партија на трудот“, изјави холандскиот премиер утрово на прес конференција во Ден Хаг. Претстои одржување предвремени избори, зашто со излегувањето на Партијата на трудот од владата, владејачката коалиција го губи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top