Post Views: 10
Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.
Освен балканските, и европските земји се повеќе се заинтересирани да го посетат Охридско-струшкиот регионЗа да се привлечат повеќе гости и да се остварат нови бизнис контакти со земјите од Балканот, во Струга по трета година се организира туристичка берза (Work Shop) „Tour Ex Yu 2008“.Средбите се со цел купопродажба на аражмани, на сличен начин како оние берзи кои се организираат во големите европски туристички центри. Очекувањата на иницијаторот...
Post Views: 0
Од 4 евидентирани само еден е ангажиран и тоа само повремено. Експертите предупредуваат, Струга вака не развива туризам.
Струга нема туристички водичи. Додека во Охрид има голем голем број такви лица, легални и не легални, во Струга нема. Досега до Агенцијата за развој на туризмот се евидентирани само 4 туристички водичи од Струга. Од нив, ТВм дознава дека оваа функција во моментов ја врши само еден, и тоа ретко кога е ангажиран.Струга има голем потенцијал и актрактивности кои туристите можат да ги видат. Пожелно би било на организираните групи детално да им ја пренесе...
Post Views: 0
Значително е намален бројот на гостите во Охрид за време на празниците во споредба со другите години.
Ова во интервју за бугарската агенција Фокус го изјави претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија, Дончо Таневски.
Според информациите на Таневски за време на новогодишните празници во Охрид престојувале близу 10.000 туристи.
“Станува збор за бројка помала во споредба со другите години. Можам да кажам дека кризата се одрази на туризмот во Охрид. Ако минатите години сме угостувале помеѓу 15.000 и 20.000 туристи сега таа бројка се сведува на 10.000”, изјави...
Post Views: 14
ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот. Истакнаа дека имаат програма, со која Струга би ја направиле претпознатлив туристички бренд.
„Обединети за Струга“-ова е визијата за иднината на градот, на кандидатот за градоначалник и советничката листа од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нивната програма се темели за доброто на Струга, град на поезијата, културата, мултикултурен град, општина со официјални 4 јазици, македонскиот, албанскиот, турскиот и влашкиот. Овие заложби, да се воведат дополнителните...
Post Views: 9
Пазарните инспектори во акција за откривање на диви туристички агенции. При контролата, инспекторите, утврдиле дека две агенции не работат според Законот за туризам. Незаконските агенции заработиле глоба во висина од 4100 евра. Во контролата биле прочешлани и училиштата кои организарале училишни екскурзии. Во три од нив било откриено дека патувањата ги организирале токму дивите агенции, вели Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат.
Тој објаснува „станува збор за физички лица кои посредуваат при сместување не само во своите...
Post Views: 20
Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област.
Туристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните...
Post Views: 92
Во Охрид се формира туристички совет во кој има преставници од Хотам, Атам, туристички водичи, угостители и сите останати чинители на туризмот.
Целта на овој совет е обединување на туристичките работници во едно тело за да ги решат натрупаните проблеми во сите сегменти од туризмот на локално ниво вели Зоран Стрезоски директор на Агенцијата за промоција на туризмот. Големиот број проблеми ,натрупани со години нанзад ги седна на иста маса преставниците од сите туристички сегменти. Обединети ќе бараат начин за решавање на проблемите кои со години се провлекуваат...
Post Views: 6
Охрид, како туристичка дестинација, се престави на сопствен штанд на првиот меѓународен саем за туризам во Крагујевац.
Презентацијата на Охрид беше од страна на одделението за туризам при Секторот за локален економски развој. Тие саемот го оценуваат како мошне успешен. На охридската ривиера последните неколку години најбројни се туристите од нашиот северен сосед. Србите повторно покажаа голем интерес за летување во нашиот град вели Весна Анѓелеска од општинскиот сектор за туризам.
Промотивен туристички материјал имаше доволно додава Анѓелеска. На Саемот се преставија ...
Post Views: 10
Против лицата кои немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, велат од туристичкиот инспекторат.
Комисијата за категоризација при Секторот за туризам и локален економски развој продолжува со евиденција на угостителските објекти од мал обем, кои согласно Законот за угостителска дејност се обврзани да се регистрираат. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки. Парично ќе бидат казнети и правнитеи физичките лица кои...
Post Views: 4
Бугарски и грчки туристички водичи, испревартувајќи ги фактите, им раскажуваат на гостите за културно- историското богатство на Охрид.
„Ова особено е чест случај за време на викендите кога надлежниот инспектор не работи“ , објаснуваат од Здружението на туристички водичи- Охрид. „ Ние сме најзасегнати бидејќи ни ја земаат работата“, вели претседателот на здружението, Стевчо Каневче.
Од Инспекторатот по туризам признаваат дека тешко се справуваат со т.н. диви туристички водичи.
„Имаме право да изречеме мандатна казна од 100 евра и глоба од 700, но ако странскиот државјанин...
Post Views: 58
Туристичките работници незадоволни коментираат- „за жал најчесто тоа се луѓе кои не ги поседуваат потребните знаења“.
Од Министерството за економија објаснуваат- „ова не е нова категорија, ново е што повеќе нема да се толерираат оние кои ќе работаат спротивно на законот“.
Ќе се казнуваат Туристичките агенции чии групи ќе патуваат во странство без овластен придружник. Станува збор за лице- задолжено да ја прати групата до крајната дестинација, но не и да ја води до туристичките знаменитости на земјата. Поточно, да ги познава најзначајните туристички региони во светот...
Post Views: 4
Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава.
Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година.
Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа...