Ознака: struja

struja

Источна Европа ќе остане без електрична енергија?

Post Views: 2 Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија. Во најновиот извештај се споменува дека целиот регион може да се најде во енергетски колапс, ако во овој сектор не се вложи повеќе од 3.000 милијарди долари во наредните 20 години. Според директорот на Светската банка за одржлив развој, Питер Томсон, се очекува побарувачката за енергија во двата региони да се зголеми за 50 отсто до 2030 година. Финансиската криза ја успори побарувачката за енергија и направи простор што им овозможува...

Continue reading

Lamburgini

Црногорците ќе прават „ламборџини“ на струја

Post Views: 6 Директорот на италијанската автомобилска компанија „Ламборџини“, Тонино Ламборџини, најави дека во Црна Гора ќе отвори фабрика за електрични автомобили. Во изјава за црногорскиот весник Побједа, тој вели дека не знае во која црногорска општина ќе биде отворена фабриката, но додаде дека таа компанија е заинтересирана во соработка со Владата и уште некој партнер и да „влезе во тој бизнис“. Ламборџини, кој вчера ја заврши дводневната посета на Црна Гора, најави дека во црногорската фабрика „во почетокот ќе се произведуваат илјада електрични автомобили, а подоцна производството...

Continue reading

delogozda

Десеттина струшки села без струја

Post Views: 8 Скоро два месеци  некогаш и по 15  часа на ден без електрична енергија се жителите од десетина струшки села. Тие се револтирани затоа што го имаат овој проблем иако редовно ги плаќаат сметките за струја.Раскажуваат дека на температура од минус неколку степени надвор, внатре се смрзнуваат. Се жалат дека и апаратите за домаќинство им се расипуваат поради честите прекини на електрично напојување. „Во  21 век  кај нас се е можно па дури и да нема струја“, велат жителите на Делогожда. „Не само што немаме струја , туку   и онаа струја што ја имаме е многу слаба.До каде ке...

Continue reading

solarna energija

Прва сончева централа за производство на струја во Македонија

Post Views: 32 Компанијата „Петро М“ денеска ќе ја презентира инсталираната опрема во првата централа за производство на струја на сончева енергија во Македонија. Инвестицијата за фотоволтната централа е во целост на „Петро М“, а опремата е набавена во соработка и партнерство со компаниите „Сан пауер“, „Фрониус“ и „Вурт“. Соработката на „Петро М“ со американската компанија за производство на панели „Сан пауер“ почна во март лани, а првите панели беа испорачани во април годинава. Со „Фрониус“, австриска компанија за производство на инвертори ДЦ/АЦ, партнерството е воспоставено исто...

Continue reading

policija

Убиство во Чаир поради исклучена струја

Post Views: 8 Во скопската населба Чаир, во пицеријата Белисима на улица Џон Кенеди, денес беше убиен вработен во ЕВН од страна на „незадоволен“ корисник Рамадан Рамадани од скопски Чаир е жртвата на вооружениот напад кој утринава се одвиваше во пицеријата Велисима. Наместо утринско кафе, 45-годишниот Рамадани заработи полн шаржер од автоматска пушка во неговото тело. Според првичните информации во него пукал 22 годишниот Мухамед Иса. Убиецот веднаш по убиството побегнал. Најверојатно причина за убиството е меѓусебното недоразбирање. Рамадани работел во ЕВН, а пред извесно време на...

Continue reading

evn

Сметките за струја со нов изглед

Post Views: 1 Граѓаните од 1 мај годинава ќе добиваат сметки за електрична енергија со нов изглед, со пресметки за потрошувачка за 30 дена. Читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони, а доставата на фактурите ќе ја врши Македонска пошта. Тоа е предвидено со новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија што го презентира вчера „ЕВН Македонија“ и најави дека ќе биде применет од 1 мај. – Сите потрошувачи ќе имаат ист третман, односно ќе имаат иста количина фактурирана електрична енергија во сметката, од...

Continue reading

dalnovod

Среќна Нова 2010, струјата од 1 јануари поскапа за 10%

Post Views: 9 Струјата за тарифните потрошувачи од први јануари 2010 година ќе поскапи најмногу до 10 отсто. Така покажале направените симулации од Регулаторната комисија за енергетика. На вчерашната подготвителна седница на РКЕ за новата цена на електричната енергија, енергетските компании ги доставија своите забелешки за признатите трошоци направени во текот на 2009 година. Конечната одлука за новата цена на струјата, односно точниот процент на поскапување, кој секако ќе го има, Регулаторна ќе го каже на почетокот на идната недела. Според претставниците од РКЕ, сите енергетски...

Continue reading

По Нова година, струјата поскапа за 10-15%

Post Views: 4 Струјата ќе поскапи од 10 до 15 отсто, предвидува директорот на ЕЛЕМ. Новата цена ќе се знае во следниот месец, откако регулаторите ќе ги разгледаат пресметките за направените трошоци на трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВНСтрујата по Нова година најверојатно ќе поскапи за 10 до 15 отсто. Според процените на директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, корекцијата нагоре треба да биде во границите на овие проценти, но крајната одлука сепак зависи од Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите ќе ја одредат новата цена во следниот месец, откако ќе ги разгледаат...

Continue reading

EVN

ЕВН поефективно да делува

Post Views: 24 За време на продолжените викенди вообичаено, Охрид го посетуваат т.н. викендаши кои имаат свои станови. Голем дел од нив не сe  жители на нашата земја туку се од надвор, како што е тоа Р.Србија. Годинава дел од нив по се изгледа малку ги збуни тоа што за прв пат се соочуваат со проблемот на исклучена електрична енергија. Не сакаа да коментираат пред нашата камера и се пожалаа дека иако уредно ги платиле сметките по се изгледа затајуваат дежурните служби на ЕВН кои од вчера па се до овој момент сеуште не се појавиле да ја извршат својата законска обврска и да ја приклучат...

Continue reading

ulica

Улица со дупки и без струја и во 21 век

Post Views: 0 Петнаесетина семејства веќе триесет години  тропаат од врата до врата барајки некој да ги ислуша. За овој период освен ветување не добиле ништо друго.   Во центаралниот дел на Охрид, во близина на Охридскиот пазар, граѓаните за да дојдат до својот дом, поминуваат низ дупки и кал. Петнаесетина семејства веќе триесет години бараат некој да се сети на нив и да им ја асфалтира улицата. „Пристапот до нашите домови посебно е отежнат кога врни. Но покрај овој проблем морам да кажам дека немаме ни улично осветлување, ни приклучок во канализациона мрежа, вели нашиот соговорник...

Continue reading

logo

Охридски Комуналец една недела е без струја

Post Views: 8 Дирекцијата од Комуналец и работната единица механизација од четвротокот се без струја. „Овој проблем настана поради актуелизирање на проблемот со трафостаниците кои ги користи ЕВН, а се поставени на земјиште од ЈП. Досега ЕВН не ни плаќаше  закупнина за тарфостаницата која е поставена на наше земјиште ние не им плаќавме за потрошена електрична енергија“, вели директорот на ЈП Сашо Алче. Тој додава дека раководството на  Комуналец е дел од тимот на градоначалникот кој води разговори со ЕВН за пребивање на долговите на општината и јавните претпријатија. „Овие преговори...

Continue reading

logo

Високиот износ на јануарските сметки изненади голем број граѓани

Post Views: 8 Голем број граѓани останаа изненадени од висината  на  јануарските сметки за струја. Износите на сметките достигаат и над 1000 денари од вообичаената сума за потрошена струја  која ја плаќаат потрошувачите. Реакции на граѓани имаше и до нашата редакција. Од ЕВН објаснуваат дека зголените суми на сметките за потрошена струја се должат на екстремно студениот месец, а при тоа и со многу празнични денови. Додаваат дека заради празниците  5 дена од декември се пренесени во јануарските сметки. Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска изјави  дека станува збор за реална состојба ...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top